Еве што треба да направите ако не можете да го пронајдете курсорот на глувчето!

Дали некогаш ви се случило да ви се изгуби стрелката од курсорот на глувчето на екранот? За среќа, повеќето оперативни системи имаат вградена функција која може да ви помогне да најдете курсорот во најкус можен рок.Ви ги нудиме советите на Make Use Of за тоа како брзо да го откриете курсорот на глувчето во секоја платформа.
За Windows корисници:
Побарајте со зборот „Mouse“ во Start менито и одете потоа на „Pointer Options“ табот. Ставете го одбележувачот на „Show the location of the pointer when I press the Ctrl key“. Сега, во секое време ќе можете да најдете курсорот со едноставно притискање на копчето Ctrl. Како резултат ќе се појави пулсирачки круг околу курсорот што има за цел да ви помогне да го најдете.
За OS X El Capitan членови:
Има вградена функција која ќе ви помогне да најдете курсорот на глувчето. Само со раздвижување на прстот на тракпадот (или поместете го глувчето) напред и назад и покажувачот на глувчето ќе стане огромен за миг. Откако го најдете, едноставно престанете да го движите глувчето и покажувачот ќе се врати до нормална големина.
За Linux корисници:
System Settings> Mouse and Touchpad. Овде ќе ги најдете таква можност како во Windows, односно да го најдете курсорот со притискање на копчето Ctrl. Стандардно таа е исклучена.Ви ги нудиме советите на Make Use Of за тоа како брзо да го откриете курсорот на глувчето во секоја платформа.
За Windows корисници

Пронајдете не на следниве мрежи: