Откриено е за што служат дупчињата на авионските прозорци!

Доколку некогаш сте се запрашале за што служи малечкото дупче на авионскиот прозорец, Роби Гонзалез од i09 ја истражил причината.Авионските прозорци се изработени од три видови стакла. Надворешното стакло има функција на примарно структурно стакло, на средното стакло се наоѓа дупче, а внатрешното стакло се наоѓа веднаш до патникот.
Помеѓу надворешното и средното стакло се наоѓа мал простор кој носи назив „воздушен простор“. Тие две стакла, заедно со „воздушниот простор“, одговорни се за преземање на јачината на атмосферскиот притисок. На крстосувачка висина од 10700 метри, притисокот на воздухот е 0,243 килограми по квадратен центиметар.
Тоа е премалку за функционирање на луѓето (притисокот на копно е околу 1,03), па така притисокот на воздухот во патничката кабина се одржува на константни 0,733 килограми по центиметар квадратен.
„Колку е поголема разликата во притисокот помеѓу воздухот надвор од авионот и воздухот во неговата внатрешност, посилно е напрегањето на внатрешните структурни делови од авионот, па така и прозорците“, објаснува Гонзалез.
За да се регулира притисокот на воздухот, „дупчето за дишење“, како што е службениот назив, има улога на вентил и овозможува изедначување на притисокот помеѓу воздухот во патничката кабина и воздухот помеѓу внатрешното и средното стакло.
Тоа овозможува целосната јачина на притисокот на воздухот да делува врз надворешниот простор, оставајќи го средниот прозорец да биде на располагање за итни случаи.Авионските прозорци се изработени од три видови стакла. Надворешното стакло има функција на примарно структурно стакло, на средното стакло се наоѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: