СИГУРНО ЈА ИМАТЕ НА СВОЈОТ ТЕЛЕФОН: Веднаш избришете ја оваа апликација од вашиот паметен телефон! ЕВЕ ЗОШТО…

Луѓето ги сакаат овие апликации, но тие, изгледа му носат повеќе проблеми на андроидот отколку што му помагаат.„Таск килери“ и „читачи на меморија“ за Андроид уредите се меѓу најпопуларните апликации, посебно помеѓу уредите со гигабајт или 512 мегабајти меморија. Луѓето ги сакаат овие апликации, но тие, изгледа му носат повеќе проблеми на андроидот отколку што му помагаат.
Според порталот PhoneArena, овие апликации не би требало да се користат воопшто, дури ни кога меморијата за апликации е на 90 или повеќе проценти.
Навиките од компјутерите не учат дека е подобро да имаме што повеќе слободна меморија, за уредот да работи подобро. Сепак, начинот на кој компјутерот и телефонот ја третираат меморијата се разликува, поготово во случајот со Андроид. Гугл го смислил така „секогаш да биде полн“.
Всушност, апликациите остануваат вклучени во позадина, а тоа им го овозможува меморијата, за во реално време да добиеме информација . апликациите главно се дизајнирани секогаш да остануваат вклучени во позадина кога ги „убивате“ со Таск килер или мемори оптимајзер, тие повторно ќе оживеат за неколку секунди- едноставно се такви.
Facebook, FacebookMessenger, Vine, Twitter, Viber, WhatsApp, Hangouts, Evernote се неуништливи апликации, всушност повеќето апликации кои ги користиме секојдневно. Дури и рачно да ги исклучите тие кога-тогаш повторно ќе се активираат. Тоа им е работа, а Андроид во позадина секако ќе ја наполни меморијата на 80 или 90 проценти штом вие ќе ја испразните.

На уредите  со драстично ограничена меморија Андроид со движење на тешки рам апликации, сложени прогрми и игри, ќе ги затвори апликациите кои работат во позадина, а се со најмал приоритет и повторно ќе ги активира кога ќе се напушти тешката апликација или игра.
Кога инсталирате Таск Килер, вие всушност го гушите телефонот кој константно ги  гаси, а потоа ги активира апликациите и така во круг. Тоа влијае негативно на брзината на работата, ја зголемува зафатеноста на уредот и влијае на траењето на батеријата.
Евтините Андроид уреди  се посебно чувствителни на овој проблем, бидејќи тие едноставно не се наменети за играње тешки, па и помалку тешки игри, како што се Tetris Blitz, да речеме, и ниту еден Таск килер или слична апликација нема да ја промени таа сурова реалност. Колку и да се трудите да му додадете дополнителна меморија на уредот- Андроидот ќе ја пополни. Токму поради таа причина Windows Phone е далеку подобар избор од Андроид – бидејќи работи како што би требало да работи, не се гуши и не излегува од тешки апликации.
Како да го одржите витален Андроидот?
Не инсталирајте премногу апликации! Не го претрупувајте телефонот со апликации и игри, поготово доколку не ги користите секој дени свесни сте дека нема добро да работат на вашиот таблет или телефон. Не е којзнае каков совет, но е искрен и реален. Следниот телефон бирајте го прво по меморијата, доколку сакате многу апликации на вашиот уред.
Ова се само некои од таск килерите кои можат да се најдат на Гугл плеј.
„Таск килери“ и „читачи на меморија“ за Андроид уредите се меѓу најпопуларните апликации, посебно помеѓу уредите со гигабај

Пронајдете не на следниве мрежи: