Реклама за PlayStation Vita беше повлечена поради сексуална инсинуација

Оваа реклама на Sony предизвика бес кај луѓето што беше доволна приочина за истата да биде отстранета од ЈутубShacknews извесува дека Sony првично ја објави рекламата  за PlayStation Vita на Европскиот  PlayStation Јутуб канал, но доколку проверите на страната, ќе забележите дека  тоа повеќе не е таму.
Доколку не сте ја погледнале, рекламата започнува  со докторката Грејс Полс која зборува дека  „тоа го правите“ во тоалетот, под чаршавите и во кујната. Клучна инсинуација е дека гледачот е голем љубител на самозадоволувањето. Сепак, испаѓа дека тоа е измама… се работи само за двојно значење на изразот за да се привлечат гледачи. Докторката всушност зборува за играње на PlayStation Vita користејќи далечинско  во комбинација со РЅ4. Ах, таа весела игра со зборови…
Како што е наведено, рекламата не останала долго на на каналот. За среќа, друг  корисник на Јутуб успеал да ја зачува рекламата и повторно ја објавил за да може светот да ја види.
Публиката има поделено мислење околу рекламата, некои сметаат дека Sony отишле предалеку со оваа реклама, додека пак други сметаат дека е забавна.
Обично Европјаните се пофлексибилни  со она што го дозволуваат  во нивните реклами, но не и со новите реклами на Sony. Како и да е, новиот PlayStation Vita е веќе достапен. 

Shacknews извесува дека Sony првично ја објави рекламата  за PlayStation Vita на Европскиот  PlayStation Јутуб канал, но доколку проверит

Пронајдете не на следниве мрежи: