Никој не е безбеден: Повеќе од половина милион луѓе се следат преку веб камерите!

Двајца програмери создадоа „malware“ под називот „BlackShades“, кој се користи за шпионирање и кражба на податоци. Програмата вредна 25 фунти, ФБИ ја означи како „застрашувачка форма на алатка за сајбер криминал, со софистицирани способности и инвазивност која го одзема здивот“.Повеќе од 500.000 компјутери во преку 100 земји се инфицирани со софистициран malware, кој на сајбер криминалците им овозможува преку „далечински“ пат да ги хакнуваат компјутерите и веб камерите, тврдат експертите. Предупредувањето настанало по обвиненијата што беа покренати против 97 луѓе кои го користеле и препродавале софтверот BlackShades, кој на хакерите им овозможува кражба на лични информации, следење на се` што се внесува преку тастатурата и тајно следење на корисниците.
Во некои случаи, криминалците на хард дисковите пронаоѓале драгоцени фајлови, со чија помош уценувале и барале пари од голем број на луѓе. Еден дански тинејџер е уапсен поради недозволено фотографирање на девојки преку веб камера, без нивно знаење.
„Овој случај е потсетник дека никој не е безбеден при користењето на интернетот“, изјави детективот Коен Херманс.
Инаку, BlackShades е создаден од двајца програмери, кои се уапсени. Едниот од нив, Мајкл Хоуг (23), кој е студент од Аризона, прогласен е за виновен на судење кои се одржа во јануари годинава.Повеќе од 500.000 компјутери во преку 100 земји се инфицирани со софистициран malware, кој на сајбер криминалците им овозможува преку „далечи

Пронајдете не на следниве мрежи: