Гугл го симна Епл од тронот на највреден бренд во светот

Јаболкото падна! Имено, брендот од оваа компанија падна за 20%, според истражувањата на агенцијата Милвард Браун. Со тоа Гугл стана највредниот бренд на светот.Во седиштето на Епл денеска мора да е многу бурно, бидејќи заврши нивната долгогодишна доминација.
Имено, вредноста на Епл падна за 20%, односно на 147,8 милијарда долари, додека вредноста на брендот на Гугл скокна за 40%, односно на 158,8 милијарда долари.
Помеѓу останатото, Гугл има самовозечки автомобили, балони, роботи, сателити и секако – паметни наочари, а Епл има „само“ компјутери, телефони и таблети.
Битката за оваа титула трае со години. Минатата година Гугл го престигна ИБМ, кој во новиот поредок го зазема третото место на листата.
Зад нив се наоѓаат брендовите на Мајкрософт, Мекдоналдс, Кока Кола, Виза, АТ и Т, Марлборо и на десеттото место Амазон.Во седиштето на Епл денеска мора да е многу бурно, бидејќи заврши нивната долгогодишна доминација.
Имено, вредноста на Епл падна за 20%, од

Пронајдете не на следниве мрежи: