Tile:Никогаш повеќе не ги губете вашите клучеви!

Сте се нашле некогаш во ситуација кога ќе си речете „Како немам GPS тракер на моите клучеви или далечинско?“ Сега, има апликација за тоа!Запознајте се со Tile, мало квадратче кое се поврзува со уредите во вашиот дом. Можете да го ставите на вашите клучеви, на вашиот мобилен телефон, велосипед или слично, а потоа преку вашиот телефон да добивате информација во реално време за тоа каде се наоѓа. Замислете го ова како Find my iPhone, само што функционира со било кој уред во вашиот дом.
Постојат неколку уникатни опции кај овој уред. Пред се, има вграден звучник со што може да ви сигнализира доколку му наредите преку вашиот телефон. Со ова ќе се осигурате дека далечинското не се сокрило под вашата перница.
Втората интересна опција е што имате визуелен показател за тоа колку блиску сте до предметот, нешто слично на „топло-ладно“ игрите во кои уживавме како деца. Дополнително, Tile ги зачувува последните локации на кои е виден уредот, а батеријата му издржува до 1 година.
повеќе на:GSM.mkЗапознајте се со Tile, мало квадратче кое се поврзува со уредите во вашиот дом. Можете да го ставите на вашите клучеви, на вашиот мобилен телефон,

Пронајдете не на следниве мрежи: