Акциите на Твитер паднаа откако слабиот пораст на корисници не го задоволи Волстрит

Акциите на оваа социјална мрежа сношти паднаа за 10% (на 38 долари по акција) откако пријавениот пораст на корисници го разочара Волстрит.Твитер моментално има 255 милиони корисници ширум светот. Таа бројак пред три месеци изнесувала 241 милион, а била значително помала, 204 милиони, пред една година.
Базата на корисници во последнава година пораснала за околу 30%, но сега инвеститорите се загрижени поради драстично забавениот пораст на истите.

Кен Сена, американски аналитичар на берзата, вели дека ова е четврти пат како твитер забележува забавување во порастот на корисници. Најверојатно луѓето почнуваат да наоѓаат алтернативи на други места.

 
Во опаѓање исто така се и прегледите на профили на Твитер. Тоа било доволно за да ги исплаши и оддалечи инвеститорите и покрај сите напори на главните луѓе на социјалната мрежа за успех на истата.

Дик Костоло, еден од главните луѓе на Твитер вели дека компанијата работи на подобрување на платформата на социјалната мрежа. Вели дека тие се свесни дек Твитер станува премногу искомерцијализиран бренд, па затоа ќе работат но подобра визуелизација и организација на сдржините на Твитер, со цел да ги задоволат корисниците кои го користат секој ден.Твитер моментално има 255 милиони корисници ширум светот. Таа бројак пред три месеци изнесувала 241 милион, а била значително помала, 204 милиони,

Пронајдете не на следниве мрежи: