Почина поранешниот генерален секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали

Бутрос Бутрос Гали, поранешен генерален секретар на ОН, на 94-годишна возраст почина во болница во Каиро.Веста за неговата смрт ја објави Советот на безбедност на ОН.
Бутрос Бутрос Гали беше прв човек на светската организација од 1992 до 1996 година, како прв Арап и Африканец на оваа должност.
Неговата должност ја одбележа распадот на Југославија, како и кризите во Руанда и Сомалија.
Бутрос Бутрос Гали, роден во Каиро 1922 година, се смета и за архитектот на египатско-израелскиот мировен договор од 1979 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: