Основачот на Фејсбук има нова мисија!

Откако поминаа 10 години од постоењето на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг има нова мисија за конектирање на интернет на сите луѓе во светот. Како што објаснува основачот на Фејсбук, денес 1.5 милијарди луѓе од целиот свет се поврзани преку оваа социјална мрежа. 
Новата мисија на Марк Закерберг е поврзана со идејата следниот чекор да биде поврзување на повеќе од 5 милијарди луѓе со интернетот како и со социјалната мрежа Фејсбук. 
Тој со својот нов план сака да им овозможи интернет пристап на сите луѓе на Земјината топка. 
Закерберг вчера најави формирање на партнерство со гигантите Ericsson, MediaTek, Opera, Samsung, Nokia, Qualcomm и други големи компании, кои ја формираа иницијативата Internet.org, со цел да го направат интернетот попристапен за сите во светот.
Според последните податоци, интернет пристап имаат околу 2,7 милијарди луѓе,  додека останатите две третини немаат никаков пристап.
„Речиси десет години Фејсбук има мисија да направи отворен и поврзан свет“, напиша Закерберг  на својот Фејсбук профил. Тој додава дека во земјите со развој постојат големи бариери во поврзувањето и го поставува прашањето „Дали поврзаноста е човечко право?“.
Според замислата на Марк, Internet.org претставува едно глобално партнерство кое планира да им се спротивстави на сте предизвици, а на тој начин да им овозможи интернет пристап на оние не можат да си го дозволат. 
Исто така, замислата на основачот на Фејсбук нема да ги поврзе луѓето само со нивните пријатели и семејството од целиот свет, туку сето тоа ќе придонесе за поголем развој на глобалната економија. 
„Глобалната економија зазема масивен развој последниов период. Знаењето од областа на економијата ја претставува иднината. Кога сите би имале пристап до интернет, тоа не само што ќе ги подобри нивните животи, туку и ќе придонесе за поголем развој и пордуктивност на секој човек, кој ќе придонесе на свој начин за глобалната економија“, пишува Закербер. 
Основачите ќе развиваат проекти, ќе делат знаења, но исто така и ќе мобилизираат влади и индустрии за да го поврзат светот, пишува Закерберг.  
Целата негова визија, како и насоката по која сака да се движи може да ја прочитате на следниот линк. Како што објаснува основачот на Фејсбук, денес 1.5 милијарди луѓе од целиот свет се поврзани преку оваа социјална мрежа. 
Новата мисиј

Пронајдете не на следниве мрежи: