Самсунг и Мозила објавија дека работат заедно на креирање на нов engine за мобилен веб прелистувач, за мобилните уреди базирани на ARM и Android. Новиот engine од двете компании е наречен Servo. Според Мозила новиот engine ќе биде дизајниран да има предност пред идните брзи, повеќејадрени уреди и да да ги расчисти старите претпоставки како ваквите engine-и треба да работат.
Servo е кодиран во Rust, сопствен програмски јазика на Мозила. Развивањето е започната минатата година, со помош и од Самсунг во последните неколку месеци.
Мозила денес го објави програмскиот јазик, во експериментална форма, за Андрдоид девелоперите. Меѓутоа нема ништо од тоа кога Servo ќе им биде достапен на девелоперите или за јавноста.
Сеуште е нејасно дали намерата е Servo да го замени Gecko – постоечкиот engine на пребарувачот на Мозила.
Како и да е, она што е очигледно во моментот е дека дизајнирањето на нов engine е со цел да го замени WebKit. WebKit ги „движи“ пребарувачите Сафари на Епл, Хром на Гугл и Опера на десктоп компјутерите и нивните мобилни еквиваленти на iOS, Android, BlackBerry 10 и Tizen.Самсунг и Мозила објавија дека работат заедно на креирање на нов engine за мобилен веб прелистувач, за мобилните уреди