Apple планира iPhone кој „секогаш ќе се дочека на нозе“

Американскиот технолошки гигант Apple работи на проект за создавање систем кој ќе ги заштити iPhone-те од последици при евентуален пад, објави блогот AppleInsider.Според најавите, од Apple испратиле барање за патент под референцата „Заштитен механизам за електронски апарат“ до Американското биро за патенти.Станува збор за механизам кој би требало да се активира кога корисникот случајно ќе го испушти апаратот и што е можно подобро да го заштити уредот од падови. Механизмот би требало при пад да го свртува апаратот на заштитената страна за да се избегне оштетување на екранот.Како што се проценува на американските блогови, сензорите би собирале податоци коишто би ги обработувал процесор, а кога апаратот ќе „заклучи“ дека паѓа, би се активирале „одбранбените механизми“ коишто би требало или да ја променат ориентацијата во просторот или, пак, на некој друг начин да го заштита уредот.За регистрација на падот се предвидува користење различни сензори, како акцелерометар и жироскоп, со коишто вообичаено се опремени многу видови смартфони. Исто така, при одредувањето дали станува за збор за пад може да се искористи и сликата што ја регистрира камерата, се наведува уште во барањето за патентот.Откако системот ќе детектира дека уредот паѓа и се пресметува каде ќе биде претрпен ударот, треба да се активира системот за корекција во воздухот, така што ударот би бил насочен кон најотпорните делови на телото на уредот. Во патентното барање, како што пишува блогот, се споменуваат различни начини за промена на позицијата на уредот во текот на падот, како што се вибромотори и резервоар со компримиран гас во телото на апаратот.Исто така, како начин да се спречи или барем да се забави падот на уредот се наведува и искористувањето на слушалките, коишто ќе се активираат при падот. Доколку корисникот слуша музика на слушалки, смартфонот, или плеерот, којшто почнува да паѓа ќе ја зголеми гласноста во слушалките.Системот предложен од страна на Apple не е првиот обид за заштита на уредот од оштетување при падови. Во 2011 година, извршниот директор на онлајн продавницата Amazon, Џеф Безос сакаше да го патентира системот со мали воздушни перничиња за мобилните телефони, кои се надувуваат за ублажување на влијанието на падот.Засега нема никаква конкретна најава за производство на таков механизам, меѓутоа во Apple секако имаат намера во перспектива да развијат систем кој ќе ги отстрани стравувањата на корисниците на паметните телефони од нивно оштетување.
МакфаксАмериканскиот технолошки гигант Apple работи на проект за создавање систем кој ќе ги заштити iPhone-те од послед

Пронајдете не на следниве мрежи: