Фејсбук повторно прави промени – заштитете си ја приватноста и личните податоци!

Секој пат кога Фејсбук менува нешто што е во врска со приватноста, добиваме чувство дека некој ни провалил во домот.

Секоја таква промена секогаш предизвикува расправи за тоа што смее, што не смее, што би требало подобро да се заштити и што од “приватните содржини” е премногу лесно достапно за нашите пријатели, како и за остатокот од светот, а особено за Марк Зукерберг и неговите пријатели. 

Овој пат “јавната” улога ќе ја добие Ерин Еган, директорката на одделот за приватност на оваа социјална мрежа, која ќе биде централна личност на новата опција која ќе се појави во следните неколку недели, а наречена е “Прашајте ја директорката за приватност” – пренесува Endgadget. 

освен тоа, се воведуваат промени во правилата на употребата на податоците, вклучувајќи и нови филтри кои ќе ги заменат досегашните “Кој може да ви праќа пораки на Фејсбук”, а ќе бидат предложени и нови потсетници за известување за тоа кој дел од вашите податоци се дсотапни на другите корисници, како и бројни други совети за уредување на тајмлајнoт. 

Сите наведени предлози се ставени на тестирање на корисниците до 28-ми ноември. 

Пронајдете не на следниве мрежи: