Вака изгледаше СУДНИОТ ДЕН на Жељко Ражнатовиќ: На Минимакс му го најавиле убиството на Аркан 3 дена пред масакрот

Аркан најмногу ги сакал саботите, а тоа кобно утро на 15 јануари 2000 година не ни претпоставувал дека ќе се случи нешто лошо. Отишол во својот омилен хотел, на местото каде се оженил, основал фирма, се чувствувал како дома….Во средата, на 12. Јануари, 3 дена пред убиството на Аркан, Цеца Ражнатовиќ гостувала во „Максовизија“.
Во публиката во прв ред, седел Аркан. Бил облечен во црна кожна модерна јакна. Се смешкал повремено коментирајќи ги бисерите на Минимакс. Веднаш по емисијата се сликал за спомен со Минимакс, Стефан Миленковиќ, Вук Бојовиќ, манекенката Катарина Ребрача. Магионичарот Биг Лале и со својата сопруга.

Едвај 70-ина часа подоцна, Аркан беше изрешетан во холот на „Интерконтинентал“ во саботата на 15. Јануари 2000 година.
Инаку тој најмногу ги сакал саботите. Единствено тогаш си допуштал да спие некој час повеќе. А тоа утро не се ни надевал дека ќе се случи нешто лошо.
Појадувал обилно со семејството. Иако бил на диета, си допуштил големо парче од неговото омилено француско сирење со бибер и лук кој од Франција му го донел Милован Илиќ Минимакс. Цеца отишла да се најде со сестра и Лидија во својот ексклузивен бутик во „Интерконтинентал“, а Аркан да подзаврши некои ситни работи.
Велат дека тоа попладне го виделе како пие капучино во кафулето „Трозубац“. Во трафика купил премногу дневни весници, а потоа со  телохранителот седнал во својот брендиран џип „шевролет“ и тргнал на ручек во хотелот.

Пред влезот на „Интерконтинентал“ се сретнал со својот стар пријател Миленко Мандиќ. Проверена приказна вели дека покојниот Ражнатовиќ и Мандиќ кобниот 15ти јануари на хотелското сепаре пополнувале тикет…
 

 
Мандиќ наводно половина час пред пукањето тргнал до обложувалница да го уплати ливчето, но наишол негов познаник и се понудил наместо него, тој да му го уплати ливчето бидејќи и тој одел натаму. На своја несреќа Мандиќ се согласил да го одмени познаникот…
Тие двајца во друштво на Цеца и сестра и Лидија ручале во хотелскиот ресторан и потоа заседнале во кобното кожно сепаре.
Ражнатовиќ се чувствувал сосема сигурно во својот омилен хотел.

Велат дека телохранителот само 5 минути пред пукањето го испратил да му донесе сладолед торта која многу ја сакал.
По трагичната смрт на Аркан, во јавноста се појави приказна дека за време на „Максовизија“ на 12. Јануари вечерта, кога Цеца гостуваше во емисијата, на Минимакс му стигале пораки на пејџер кои го најавувале убиството.
Една од нив наводно гласела:
„Цецо личиш на Гоца Божиновска“ (алузија на убиството на Зоран Шијан, поранешниот сопруг на Божиновска), а друга порака гласела: „Аркан понеси си сако, горе е ладно“.
Овие приказни подоцна ги демантираше Минимакс. Во средата, на 12. Јануари, 3 дена пред убиството на Аркан, Цеца Ражнатовиќ гостувала во „Максовизија“.
Во публиката во прв ред

Пронајдете не на следниве мрежи: