Позната германска ТВ куќа ја обелодени вистината на германскиот народ и предизвика вистински хаос во јавноста. Јавно беа пласирани две вистини за европските народи. Првата е таа дека остануваме без хартиени пари, а втората е дека следува ставање чипови во десната рака. На големо се расправа за укинувањето на хартиените пари. Ангела Меркел во врска со таа нова европска цел дури оствари и средба со францускиот премиер барајќи поддршка за тој план. И тоа во екот на бегалската криза, додека никој не гледа или сака да најде некое решение за егзодусот на библиските народи од своите огништа – во Европа.
Новинар од телевизијата ЗДФ убаво ѝ образложи на нацијата дека многу експерти се сложуваат дека е дојден крајот на банкнотите бидејќи се непрактични, можат да изгорат, да се украдат итн. Тој дал пример од развиената Шведска која скоро и ја тргна употребата на хартиени пари во оптек – таму скоро сите плаќаат со картички.
Во продолжение на прилогот, по воведот за безготовинско плаќање следувал филм за РФИД чип и за неговиот изумител, кој тврди дека имплатантот е безопасен, удобен за сите, без сигнал, а потребен е само читач. Коментарите на Германците коишто го гледале прилогот се јасни – не се воодушевени од идејата за чипуван свет.
Неодамна во магазинот „Тренд“ беше објавена вест дека австриско-германска компанија за висока технологија „ЕДАКВОС“ исфрли на пазарот проект за чипувани пари. Парите би имале вграден РФИД чип и во секој момент на каса или во банка би можело да се провери од каде се. Во случај трагата да е матна или „без потекло“, истиот момент би биле укинати. Со тоа, луѓето сами, преку ноќ, би се откажале од парите. Би плаќале со десната рака, картичка, смартфон… Трендот за укинување на парите ја зафати Европа како торнадо. Во Италија почна како изговор против мафијата. На банкомат може најмногу да се подигнат 1000 евра месечно, потоа во Шпанија, Грција, сега и во Франција, наводно поради тероризам. Најдалеку во тоа отидоа скандинавските земји – Шведска, Норвешка, Данска. Во Холандија неодмна беше објавен закон дека кафулињата и продавниците не мора да земаат банкноти ако не сакаат.
Луѓето ги прифаќаат картичките бидејќи се поелегантни, побрзи итн. Но, не ни претпоставуваат што ќе биде кога ќе бидат зависни од тоа парче пластика во раката. Сѐ уште има готовина и некако сѐ е во ред. Но, кога ќе ви го укинат минусот, кога банката ќе ја укине вашата картича или банката пропадне. Што тогаш? Од каде ќе позајмите пари?