Ова се најчудните медицински третмани на минатото време, што во денешно време ни се чинат во најмала рака чудни, а и многу нелогични.Намерно предизвикано крварење: Се правело со отстранување на големи количини крв, најчесто преку засек на вената на раката. Докторите мислеле дека болестите се предизвикани заради дисбаланс на телесните течности, и дека вадењето на крвта ќе помогне во враќањето на баланост. Со крварењето се лечело речиси се, од епилепсија и мали сипаници, па се до чума.
Трепанација: Овој застрашувачки метод вклучува бушење на мала дупка во черепот за да се дојде до мозокот. Методот бил користен за лекување на хистерија и психоза, се до 1900тите години, кога докторите конечно сфатиле дека ова не е ефикасен психолошки третман.
Кокаин: Уште од 1860 год, кокаинот се користел како анестетик против болка, а особено за забоболка и заболувања на непцата, но исто така бил користен и за намалување на температурата, кај алкохоличарите и лицата кои страдале од депресија. Дури во 1900тите, докторите сфатиле дека создава зависност и кокаинот бил забранет.
Хемиглосектомија е отстранување на дел или половина од јазикот, и се правело во средниот век без анестезија и со сурови инструменти. Се верувало дека оваа трауматска операција помага во лечење на пелтечењето и други говорни мани.
Терапија со урина, или уротерапија доаѓа од древната Индиска медицина, според која пиењето на урина и мачкањето на кожата со неа помага во лечењето на убоди од инсекти и отровни влечуги, па дури и на некои видови на рак.
Хлороформот се користел како анестезија во 1831 год. И станал најпопуларниот анестетик за операциите и пораѓањата. Пациентите вдишувале крпа натопена во хлороформ, а докторите подоцна направиле и маска што овозможува „правилна доза“.
Пијавици: Овој „лек“ ни е на сите познат. Потекнува од старите Египќани и се користел низ 19-от век. Докторите верувале дека со закачување на пијавици на делот што е болен се лечи болеста, а исто така и се прочистува крвта и се намалува крвниот притисок.
Наркотични коктели: Се користеле во доцните 1800-ти години, најчесто им се давале на темпераментните деца и содежеле морфиум, канабис, хлороформ или алкохол. Дозите биле доволни за да ја запрат болката и да ги успијат децата.
Хероин: Во 1898, една компанија почнала да продава хероин како лек против кашлица, и навистина, резултатите биле извонредни. Но, 1910 го откриле и зависниците од дрога и почнал да биде најпродаваната дрога на црниот пазар.
Течна жива: Старите Персијци, Грци и Кинези користеле жива како маст за лечење на кожни заболувања, а дури и ја голтале за да го зголемат животниот век. Најголемата употреба на жива била против рани од сифилис, и останала во употреба од 15 па дури до 20 век, кога е употребен пеницилинот, како и сознанието дека живата предизвикува тешко труење.
Арсен: овој познат отров бил лек што први започнале да го употребуваат старите Кинези и траел до 20тиот век. Сепак, тој е високотоксичен и предизвикува рани, срцеви болести и смрт. Но, се чини дека тоа не ги спречило лекарите да го користат за лечење на рак и сифилис, а жените од викторијанскиот период го користеле и во козметиката.
Електричен ремен: Иако електротерапијата е легитимен медицински третман, се користел како производ за слабеење, што помага и во варењето, но и за лечење на импотенцијата. Потребни биле дури 100 години за да се докаже дека овие методи се целосно неефикасни.Намерно предизвикано крварење: Се правело со отстранување на големи количини крв, најчесто преку засек на вената на раката. Доктор
Пронајдете не на следниве мрежи: