Фејсбук страната „Journey to the surface of Mars“ (Патување до површината на Марс), објави неверојатна и провокативна фотографија од црвената планета.На фотографијата што ја направи роверот „Кјуриосити“ на НАСА, јасно може да се види мистериозен скелет на површината на црвената планета.
Луѓето некогаш мислеа дека Марс е ненаселена сува планета, но во последните 5 години се појавија информации дека таа не се разликувала многу од Земјата во далечното минато.
НАСА наведе дека дури и денес постои течна вода на Марс, а научниците утврдија дека атмосферата на Марс во голема мера потсетувала на Земјината атмосфера, како и дека на Марс постоеле океани, езера и реки. Кога сето ова ќе се земе в предвид, реално е да се помисли дека постоел живот на Марс во далечното минато.
Д-р Џон Бранденбург, теориски физичар во Калифорнија, верува дека во далечното минато Марс го населувале две древни цивилизиации по името Сидонци и Утопијанци. Според неговите зборови, овие цивилизации се уништени во огромен нуклеарен напад чии последици можат и денес да се забележат.
Тој тврди дека постојат докази дека се случиле најмалку две поголеми нуклеарни експлозии на површината на Марс. Неговата теорија се темели на трагите од ураниум и ториум кои се регистрирани на површината. Тој смета дека марсовските цивилизации ги избришала некоја друга вонземјанска раса.
Најновата фотографија на наведената Фејсбук страница изгледа пружа и физички доказ за теоријата на д-р Бранденбург.
Сепак, скептиците ја негираат таквата можност и наведуваат дека сите „објекти“ и „градби“ на Марс се само природни формации.На фотографијата што ја направи роверот „Кјуриосити“ на НАСА, јасно може да се види мистериозен скелет на површината на црвената планет