Агент на ЦИА призна пред смртта: Учествував во убиството на Кенеди!

Агентот на ЦИА, Хаурд Хант, на смртна постела му признал на синот дека учествувал во убиството на претседателот Џ. Ф. Кенеди.Хант беше еден од членовите на тимот што ја урна администрацијата на Никсон во аферата Вотергејт.
Стана познат откако дојде до провалување во хотелот „Вотергејт“, пришто тој бил еден од тајните истражувачи.
По овој скандал, претседателот Никсон дал оставка и со тоа станал единствената личност која дала оставка од претседателска функција.
Во ноември 1963 година, беше убиен претседателот Џ. Ф. Кенеди, а пред немилиот настан биле направени соодветни подготвки.
Хант признал дека во тој период бил многу мобилен, не живеел трајно на едно место за да биде во моност да ги прикрие трагите од своите активности.

Хант бил задолжен за подготовка на настанот, а за таа цел го искористил угледот на еден чесен човек.
Деталите за смртта на Кенеди не се познати ни со децении по неговото убиство, но по оваа исповед почнува пополека да се открива мистеријата.

Во извесни периоди, значителен број луѓе и страни се спомнуваат како потенцијални осомничени за убиството на Кенеди:
– Фидел Кастро, бидејќи постоела информација дека САД планира да го ликвидира.
– Анти-Кастро групите, бидејќи Кенеди ги предал за време на фијаското во Заливот на Свињите.
– Кремлин и КГБ поради ракетната криза.
Секоја листа, која и да е, готово е бесконечна. Поради некоја причина, исто така се спомнуваат и: ЦИА, ФБИ, Ричард Никсон, Линдон Џонсон, Х. Л. Хант, И. Хауард Хант, Хауард Хјуџ, Аристотел Оназис, Дејвид Рокфелер, па дури и Жаклин Кенеди.
Хант беше еден од членовите на тимот што ја урна администрацијата на Никсон во аферата Вотергејт.
Стана познат откако дојде до провалување

Пронајдете не на следниве мрежи: