ПРЕДИКТИВНО ПРОГРАМИРАЊЕ ЗА ПЕРЕЊЕ НА МОЗОКОТ: Дали Симпсонови ги предвидоа Трамп, 11/9 и ИСИС?

Предиктивното програмирање и сублиминалното кондиционирање означуваат прикажување на идни настани преку медиумите за да можат истите подоцна полесно да бидат прифатени.По видеото извлечено од епизодата на култната серија „Симпсонови“ од 2000 година кога Барт заминува 30 години во иднината и како претседател го гледа Доналд Трамп на скали (иста сцена забележана за време на актуелната кампања) – бројни „мејнстрим“ портали за прв пат го актуелизираа терминот „предиктивно програмирање“.
Превентивно програмирање како сензибилирање на народните маси
Овој поим е поврзан со праксата на Симпсонови, односно за истакнатите епизоди за епидемијата на еболата (1197), начинот на откривањето на „Божјата честица“ Хигсов бозон (1998), знамињата на сириската борба пред истата и да настане (2001), нападот на 11/9 и бројни други.
Но, за што всушност станува збор? Многумина како завршна фаза на Новиот светски поредок го изнесуваат тн. „предиктивно програмирање“ и сублиминалното кондиционирање.
„Нешта или идеи кои од друга страна би биле видени како бизарни, вулгарни, непожелни или невозможни, се вметнуваат во филмови во рамките на фантазијата. Кога гледачот гледа филмови, неговиот ум е отворен за сугестии и започнува кондиционирањето“ – дефинира авторот Алан Ват.

„Холивуд е магично стапче кое се употребува за фрлање магија на публиката која воопшто и не ја очекува. Истите тие филмови кои се дизајнирани за да се програмираат просечните луѓе, можат на набљудувачот да му дадат подобро разбирање на работата и плановите во светски рамки. Од таа причина, предиктивното програмирање е всушност моќна сугестија со која елитата преку медиумите или фикцијата го создава посакуваниот исход“ – заклучува Ват.
Холивуд ја сака пропагандата
Според Ват, ваквиот перфиден облик на кондиционирање или дресура на луѓе е лесно забележлив во сите аспекти на поп културата. Се наведуваат и бројни филмови кои дале одредени идеи за иднината, а сите се видливи во сегашноста.
„Јас, робот“ од 2004 година со Вил Смит во главната улога, настана по истоименото книжевно парче на Исак Аисмов и дава увид во полициската држава и проблемите при изработката на роботи – врзани за етиката и одлуките.
Сличен пример е и новата верзија на „Робокап“ во која е прикажана проблематиката на беспилотните летала на американските улици.
И покрај честите докази и информации, теоретичарите на заговор се сметаат за „параноици“.
Од Новиот светски поредок, па сѐ до некои други замисли, потешко е да не се види одредената нишка која ги поврзува сите теории.
На пример, денес е сѐ позачестен приказот на холограмската технологија („Царството на големиот Оз“, „Џек, убиецот на џинови“), беспилотните летала („Тие живеат“, „Заборав“), како и можните „false flag“ напади („Падот на Олимп“) или целокупниот општествен систем („Игри на гладните“). Дали станува збор за параноја и случајност или пак за вистина и намера – времето ќе покаже.По видеото извлечено од епизодата на култната серија „Симпсонови“ од 2000 година кога Барт заминува 30 години во иднината и како претсе

Пронајдете не на следниве мрежи: