БРИТАНСКИ ПРОРОК ЈА НАЈАВИ 2016. ГОДИНА: Од ова стравува цел свет!

Контроверзниот британски пророк Крег Хамилтон-Паркер, за 2016. година предвиде многу нешта со кои го разбрани светот.Крег Хамилтон-Паркер го најави и можниот обид за убиство на германската канцеларка Ангела Меркел, па наведе и дека ќе дојде до јакнење на десницата во Шпанија, Италија и Франција, а како последици на сето тоа ќе се појават големи нереди на улиците во тие држави, како и палење на џамии.
Неговите предвидувања во јануари ќе ги објави магазинот Fate and Fortune, а меѓу другото, Хамилтон-Паркер најави и што нѐ очекува во 2016. година.
Ова се неговите предвидувања:
– Активната меѓународна ќелија на ИСИС во Германија, ќе се обиде да ја убие Ангела Меркел.
– Доналд Трамп ќе се повлече од претседателската трка во САД поради болест, а битката ќе ја продолжат Џеб Буш и Хилари Клинтон. На крај ќе слават републиканците, но откако во последен момент ќе го сменат кандидатот.
– Подемот на десницата во Шпанија, Италија и Франција ќе доведе до големи нереди на улиците, па при неволјите ќе дојде до палење на џамиите.
– Ќе биде докажано дека честата употреба на адитиви во исхраната предизвикува рак кај луѓето.
– Комета или астероид за кои повеќето астрономи нема да имаат поим дека пристигнува, многу ќе се доближи до Земјата.
– Индиската економија ќе бележи пораст, но затоа ќе дојде до распад на кинеската валута по превирањата до кои ќе дојде „зад кулисите“.
– Ќе дојде до политички скандал по кој ќе се појават фотографии на кои севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун наводно е гол.
– Турција ќе ги нападне Курдите на подрачјето на Сирија.
– Ќе дојде до нов бран бегалци од Украина и Грузија, бидејќи Русија ќе ги „притегне“ дисидентите.
– Голем земјотрес на подрачјето на Хималаите ќе доведе до пукање на брана.
– Незапаметени врнежи ќе расипаат дел од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
– Ќе дојде до референдум врзан за ЕУ и излегување на некои земји од таа заедница.
– Пожар ќе зафати една од историските холандски градби и притоа некои ремек-дела ќе бидат уништени.
– Во борба против терористите, односно за нивно следење, ќе почне да се применува нов облик на нанотехнологија.
– Принц Филип, војводата од Единбург, тешко ќе се разболи и на операциската маса ќе му го спасуваат животот.
– 2016. година ќе донесе ненадејни промени во околината, а еден јапонски остров ќе биде „проголтан“ од морето.Крег Хамилтон-Паркер го најави и можниот обид за убиство на германската канцеларка Ангела Меркел, па наведе и дека ќе дојде до јакнење на десницата

Пронајдете не на следниве мрежи: