Бестрашно обраќање: „Хомосексуалноста, абортусот и радикалниот ислам се најголема закана за семејството“

Минатата недела, кардиналот Роберт Сарах имал миса на која одржал интензивен говор во кој јасно се изјаснил дека поклонувањето на идолите во западното општество и исламскиот фундаментализам  – се две апокалиптични ѕверки кои се слични на нацизмот и комунизмот.Исто така, Сарах смета дека „родовата идеологија“ и ИСИС (како и останатите екстремни форми на исламот) се двете „најголеми закани за семејството и христијанството“.
„Исламските масакри, како и слободоумните барања, редовно се борат за насловните страни во весниците“ – рекол Сарах и додал дека станува збор за големи закани за семејството како заедница: „Родовата теорија на Западот нуди брз и едноставен развод, абортус, истополни бракови, евтаназија итн., а за тоа најдобри примери се радикалната феминистичка група ФЕМЕН, ЛГБТ лобито, како и Меѓународниот сојуз за планирано родителство“.
Од друга страна, како што вели тој, тука е и псевдо-семејната идеологија на исламот, која легитимира полигамија, покорност на жените, сексуално ропство и детски бракови. Како што додава, во тие семејства не владее Духот на вистината кој проникнува низ заедништвото, туку збунетост и тоталитарно владеење.
„Тие се насилно толерантни разорувачи на семејството, општеството и Црквата, но и отворено се Христофобични“ – рекол Сарах, кој додал дека овие моќни појави (родовата идеологија и исламскиот радикализам), нудат плодови според кои може да се почувствува демонско потекло.
„Ние не се бориме против крв и месо“ – продолжил тој.
„Мора да обезбедиме соодветна гостопримлимивост кон сѐ што е човечко. Но, она што доаѓа од непријателот не може и не смее да биде асимилирано“.
„Не можеме да бидеме покрај Христа и Баал (принцот на темнината) истовремено. Она што нацизмот, фашизмот и комунизмот беа за 20. век, тоа се хомосексуалноста, абортусот и исламскиот фанатизам за денешното време“.
Кардиналот Сарах ја повика Црквата на цврстина, на промовирање на заедништвото и традиционалните вредности кои се пресудни во борбата против, како што тој ги нарекува ѕверови.
„Мораме да ја зборуваме вистината без страв, односно Божјиот план кој е моногамија во брачната љубов и отворениот живот“ – рекол тој и заклучил дека е потребна итна интервенција на Црквата која бракот и семејството ќе ги стави под Божја, а не човечка волја, бидејќи како што предупреди, овие ѕверови не мируваат.
Тој го завршил говорот со повик кон кардиналите: „Мораме да ја пренесуваме вистината без страв“.Исто така, Сарах смета дека „родовата идеологија“ и ИСИС (како и останатите екстремни форми на исламот) се двете „најголеми закан

Пронајдете не на следниве мрежи: