Луѓе од целиот свет тврдат дека доживеале исклучителни ситуации во моментите на клиничка смрт. Скептиците и верниците имаат различни објаснувања за ова доживување.Со молскавична брзина, Сабина Мене го напуштила телото. Таа немала шанса да избега од таа сила што ја однела на некое место, каде што времето и просторот не играат никаква улога. Прво го гледала своето тело, докторите и медицинските сестри некаде од страна, а потоа видела и светлина.
Во септември 1995 година, тогаш 38-годишната жена дошла во болница. Скоро пола година пред тоа, тешко се разболела од грип, од што повеќе не можела да дојде при себе. И покрај сите напори и трудот, лекарите не можеле да дадат никаква прогноза. Мајката на три деца имала незамисливи болки.
„Веќе се простив од животот. Мислев дека таа болест носи смрт со себе“.
При еден преглед со ултразвук, на 14. септември, се случило тоа.
„Се ослободи од телото. Нејзините болки одеднаш се повлекоа и таа почувствува апсолутна љубов и слобода. Можеби и нешто нежно, Божјо“ – се присетува семејниот психотерапевт.
Во истиот момент се одвивал еден вид на животен филм.
„Тоа не беше гледање со очите, туку нешто што наликуваше на внатрешен вид“ – вели Сабина.
Искуството ѝ делувало како реалност. Интензивното искуство блиску до смртта било незамисливо убаво. Тоа ѝ помогнало да издржи во тешкиот период што следел потоа, кога лекарите ѝ кажале дека има рак на лимфните жлезди и кога морала да оди на трансплантација на коскената срж и на хемотерапија.
„Од друга страна, имав неверојатен копнеж повторно да се вратам таму. Четири години мислев дека сум полудела“ – изјавила Сабина.
Како што Сабина Мене дала изјава, така илјадници други луѓе ширум светот почнале да зборуваат за искуството на клиничката смрт. Научниците бараат докази поради која причина доаѓа до тие феномени и се обидуваат да дадат објаснување, но ниту самите не ја разбираат причината за таквата појава.
И луѓето коишто веруваат дека таквите искуства се вистинити, немаат цврсти докази, но даваат интересни теории за тоа дека свеста може да постои независно од телото, односно мозокот.
Во што верувате Вие?Со молскавична брзина, Сабина Мене го напуштила телото. Таа немала шанса да избега од таа сила што ја однела на некое место, каде што времето и про