Чуената тенковска битка кај Курск Русите ја добиле со помош на непознати сили?

Во јули 1943 година започнала најголемата тенковска битка во човечката историја- Битката кај Кусрск. Постои една страна од таа случка која долго време била криена, поточно од страна на руските разузнавачки служби.Битката кај Кусрск се водеше во Втората светска војна помеѓу советските и германските сили во текот на летото 1943 година. Тоа е најголемата тенковска битка во историјата на војувањето и една од најзначајните советски победи во текот на 1943-та. Најжестоките војни водени се околу селото Прохоровка.
Намерата на германските копнени сили била разбивање на средишниот дел на источниот фронт, а потоа од југ да се опфати Москва и да се нанесе одлучувачки удар врз Црвената армија. Германската офанзива започнала на 5-ти јули под таен назив Цитадела (тврдина).
Во битката од германска страна биле ангажирани 50 дивизии (од кои 34 пешадиски, 14 оклопни и две моторизирани)- вкупна јачина околу 900.000 војници, 2.700 тенкови и самоодни и јуришни топови, 10.000 артилериски и минофрлачки цевки, со поддршка на 2.000 авиони, додека од страна на советската страна биле ангажирани 12 армии (од кои 2 оклопни).
Советите имале извесна бројчана предност во војници и вооружување- 20.000 топови и минофрлачи, 920 ракетни фрлачи, 3.600 тенка, со поддршка на 2.400 авиони.
И покарј поголемите загуби, руските сили извеле успешен противнапад и на 23-ти август Германците  биле поразени. Од колоните им биле исфрлени до 500.000 војници од нив околу 60.000 загинати и околу 150.000 ранети (за време на првата етапа од битката односно германската офанзива). Подоцна,  за време на советската офанзива, тој број се качил на повеќе од половина милион загинати, ранети и заробени.
 
Реалните советски загуби обелоденети се дури во 1991-ва година и изнесувале околу 800.000 загинати, ранети и исчезнати во текот на двете етапи.
Со победата на Црвената армија во оваа битка, иницијативата на Источниот фронт преминала на советска страна. Од тогаш па се до крајот на војната германските единици се наоѓале во  константна дефанзива.
Тоа е официјалната верзија на случувањата. Но, во моенти кога битката се „кршела“, се случило нешто што  запрепастило многубројни сведоци кои подоцна биле испитувани од страна на руските разузнавачки служби. Приказната на сите нив се поклопува до најситни детали.

 
Било средина на август 1943 година. Еден од очевидците, командирот на водот на Црвената армија, поручник Генадиј Зелагинов, изјавил дека, половина час по почетокот на артилериската подготовка, на небото се здогледал сјаен метален објект во облик на срп. Долетал од правец на северозапад и наскоро исчезнал од видно поле.
НЛО објектот од надворешните рабови бил темно син, скоро со боја на мастило, додека бојата кон внатрешниот дел  на леталото постепено ја менувало бојата во портокалова. Како што изјавил Зелагинов, личел на огромен разнобоенделфин чиј средишен дел постојано се ширел  и собирал. „Беше импресивен“, изјавил Зелагинов.
Одеднаш, леталото се вратило и од него се појавил зрак насочен кон првата линија на германските тенкови!
Тенковите  застанале на момент, а потоа продолжиле да се движат. Неочекувано за сите, одеднаш сите пламнале! Русите биле избезумени бидејќи не знаеле дека ниту една нивна граната не била испукана.
Леталото потоа со неверојатна брзина се одалечило и продолжило во висините, оставајќи зад себе само мистерија и неверување.
За време на испитувањето од страна на разузнувачите, неколку руски полковници направиле цртеж на она што го виделе. Битката кај Кусрск се водеше во Втората светска војна помеѓу советските и германските сили во текот на летото 1943 година. Тоа е најголемата тенков

Пронајдете не на следниве мрежи: