Од декември 2014 година, до денес, се забележани 103 обиди за самоубиства, од кои девет од нив за жал биле неуспешно изведени. Сите суицидни личности, биле стари измеѓу 12 и 24 години.Млади луѓе во индијскиот резерват Пајн Риџ во Јужна Дакота, масовно се обидуваат да си го одземат животот поради урбаната легенда која веќе подолго време кружи во нивните краеви.
Најмногу самоубиства се случиле во групата на племето Сијукс по име Оглала Лакота. Имено, нивните поглавари тврдат дека злобен дух лута по овој резерват. Старите припадници на ова племе го нарекуваат „Духот на високиот човек“, додека помеѓу младите е познат како „Одечкиот Сем“.
Од декември 2014 година, до денес се забележани 103 обиди за самоубиства од кои девет од нив биле неуспешно изведени. Сите суицидни личности, биле стари измеѓу 12 и 24 години.
Најстрашните од овие случувања се случиле минатиот февруари, кога биле фатени група тинејџери како се подготвуваат да извршат масовно самоубиство, за кое подготвиле и неколку јажиња обесени на дрвата. За сета среќа, навреме биле фатени пред да се случи трагедија.
Легендата кажува дека „Одечкиот Сем“ е висок 2 метри, е доста слаб и без уста. Неговиот опис е приближно сличен со популарниот „Slender Menu“ кој потекнува од американската поп култура.
Се смета дека „Одечкиот Сем“ всушност е персонификација за големо зло кое кружи во заедницата на сиромаштвото. Имено, Пајн Риџ веќе низ години се бори со високата стапка на невработеност, а како последица од тоа е масовниот алкохолизам и обид за самоубиства. На сето тоа, очекуваниот животен век на мажите на тоа поднебје е 50 години.
Другата реална причина за толку самоубиства е расизамот. Минатата година сред Божиќ, дванаесетгодишно девојче од племето Сијукс по име Сантана Џенис се самоубила откако случаен минувач и рекол дека е „валкана индијанка“. Поради тоа се верува дека „Одечкиот Сем“ е всушност механизам кој на младите од Парк Риџ се обидува да им објасни во каков ужас живеат. Млади луѓе во индијскиот резерват Пајн Риџ во Јужна Дакота, масовно се обидуваат да си го одземат животот поради урбаната легенда која веќе подолго