Мислевте дека вака би изгледале вонземјаните? Еден научник им дава МНОГУ ПОИНАКОВ ОПИС!

Во изминативе сто години, вонземјаните скоро секогаш биле прикажувани како суштества кои се помали од луѓето. Покрај тоа, тие во секоја приказна имаат скоро непропорционално голема глава и огромни црни очи.Ова тврдење би можело да биде неточно, барем според мислењето на космологот од Универзитетот во Барселона.
Проф. Фергус Симпсон, неодамна го објави трудот „Природа на населените планети и нивните жители“, а во него тврди дека вонземјаните готово сигурно се значително поголеми од нас и дека тежат по 300 килограми.
Неговата теорија се темели на тезата дека и останатите планети конзервираат енергија, каков што е случајот и на нашата планета.
„Што се однесува на животните, поголемите видови секогаш имаат помала популација, најверојатно поради поголемата потреба за енергија“, објаснил Симпсон.
Според тоа, поголемите суштетства конзумираат и испуштаат повеќе енергија од помалите суштества. На Земјата постојат повеќе мали, отколку големи видови, но Земјата, според тврдењето на Симпсон, не треба да се земе како пример. Поголемиот дел од населените планети повеќе наликуваат на структурата на Марс, отколку на Земјата, додава тој.
„Поголемиот дел од планетите според големината се веројатно послични на Марс, отколку на Земјата“, вели тој.
Со оглед на тоа и дека густината на населеноста опаѓа со зголемувањето на масата на телото, Симпсон во својот труд заклучува дека поголемиот дел од интелигентните суштества веројатно ја преминуваат масата од 300 килограми.
Останатите експерти оцениле дека трудот на Симпсон е интересен, но нагласуваат дека тој не изнел цврсти податоци со чија помош би можело да се дојде до конкретни заклучоци.Ова тврдење би можело да биде неточно, барем според мислењето на космологот од Универзитетот во Барселона.
Проф. Фергус Симпсон, неодамна г

Пронајдете не на следниве мрежи: