Уште една луда теорија на заговор: Исус бил вонземјанин?!

Архангел Гаврил всушност бил вонземјанин кој ги предводел грабнувачите на жената на Јосиф, Марија, кои потоа вештачки ја оплодиле на главниот вселенски брод во Земјината орбита. Кога Исус ја завршил работата поради која бил создаден, тој се вивнал во вселената во „небесни кочии“ кои дошле по него со „суштества во бели наметки“.Дали некогаш во текнало дека безгрешното зачнување на Исус Христос би можело да биде интервенција на вонземјаните и дека личноста која христијаните ја сметаат за Господ е всушност суштество од друга планета кое е создадено со цел да нѐ направи почовечни и да нѐ унапреди како битија?
Хипотезата која го следи овој начин на размислување вели дека ангелите кои ја посетиле Марија во она што мислела дека е сон, всушност биле нејзините грабнувачи кои потоа на нивниот вселенски брод вештачки ја оплодиле со генетски модифицирана вонземјанска сперма – еден од тие вонземјани во нашите преданија станал архангел Гаврил.
Главно, Марија го родила Исус кој станал првиот хибрид од вонземјанин и човек, а бидејќи се верува дека имал натприродни моќи, тие се објаснуваат на тој начин.
Меѓутоа, тој не е првата личност на која ѝ се припишувало чудесно раѓање. На пример, Платон според преданијата бил роден од односот помеѓу Аполон со неговата мајка, Александар Македонски бил зачнат од гром кој удрил од небото и ја оплодил Олимпија пред конзумацијата на бракот со Филип Втори. Дури и самата Книга за настанокот во Библијата вели дека синовите на боговите имале односи со жените од кои се раѓале џинови.
Мистериозните култови кои биле силни и популарни пред доаѓањето на Исус и во првите векови од Црквата, со себе носеле вакви или слични приказни: бог или богови, или херои се раѓале со безгрешно зачнување.
Така, постојат две можности: или оваа хипотеза е точна и дека Исус можеби и не е хибрид од овој тип туку само уште еден во низата (сите богови се вонземјани), или сѐ е измислица и верувањето во безгрешното зачнување на Исус влезе во христијанството под влијание на разните мистични приказни.

Кога подобро ќе се погледне содржината на Новиот завет, се забележува дека четирите евангелија раскажуваат за животот на Исус, но не го спомнуваат неговото зачнување. Марко, кој своето евангелие го запишал околу 70-та година од новата ера, воопшто не го спомнува раѓањето на Исус. Јован тврди дека Исус бил син на Јосиф, па со тоа и не потврдува дека станува збор за безгрешно зачнување.
Само евангелието според Матеј и Лука спомнуваат биолошко чудо по кое невина жена, сѐ уште девојка, забременила и родила син, благодарение на што Исус станал спасител. Треба да се земе во предвид и дека во тоа време постоеле многу религии и култови, како и дека луѓето не биле премногу расположени да станат следбеници на некој кој не е божји син.
Разликата помеѓу евангелијата што се однесува на безгрешното зачнување е во тоа што кај Матеј вонземјанинот Гаврил му се јавил на Јосиф по зачнувањето, додека според Лука ѝ се јавил на Марија пред зачнувањето.
Секако, тука е и Витлеемската ѕвезда која се покажала на местото каде што ќе се роди Исус, поради што следбениците на оваа хипотеза веруваат дека тоа всушност бил вселенски брод, а не ѕвезда и дека мудреците кои го посетиле биле наведувани со вонземјанска телепатија.
Малку се знае за животот на Исус по раѓањето. Токму поради тоа, теоретичарите веруваат дека тој бил подучуван и едуциран од страна на својот вонземјански татко и неговата раса за улогата која наскоро ќе треба да ја преземе.
Конечниот „доказ“ се однесува на воскреснувањето кое се спомнува во сите четири канонски евангелија.
Марија Магдалена тврдела дека двајца мажи, кои не делувале како луѓе, во бели наметки се наоѓале пред влезот од пештерата и дека едниот од нив ја известил дека Исус воскреснал. Веднаш потоа, тој исчезнал во облаците.
„Дали можеби заминал на главнот вселенски брод во флотата која кружела околу Земјата? Дали тој брод била Витлеемската ѕвезда која го најавила неговото раѓање?“, се прашува една авторка која ја пропагира оваа идеја.
Некои апокрифни дела кои Црквата со милениуми ги уништувала и криела, нудат детални описи од она што навистина се случувало.
Воскреснатиот Исус на Маслиновата Гора им раскажувал на следбениците кога одеднаш го удрил гром и се појавиле молњи, со што целата планина почнала да се тресе. Веднаш потоа, од небото се симнала кочија – Меркаба. Исус влегол во Меркабата и бил дочекан од ангелите кои биле облечени во бело, по што кочијата одлетала со него и исчезнала на небото.Дали некогаш во текнало дека безгрешното зачнување на Исус Христос би можело да биде интервенција на вонземјаните и дека личноста која христијаните

Пронајдете не на следниве мрежи: