НЕ ЧУВСТВУВАМЕ БОЛКА, ТОНЕМЕ ВО СОН? Што не чека „на другиот свет“ после смртта?!

Од 63 пациенти кои заздравувале од срцев удар, седум можеле да се сетат на мислите од периодот додека биле без свест. Еден од нив го опишал доаѓањето до границата од која нема назад, еден чувството на спокој, а еден дури и скок од планина.Откако познатиот фудбалер Фабис Муамба падна на стадионот за време на еден натпревар и успеа да преживее, го раскажа своето искуство „од другата страна“ на животот.
Тој доживеал срцев удар, па некое време бил клинички мртов, но на сета среќа успеал да се врати во живот и да објасни како изгледале тие секунди „на оној свет“.
Тој прво почувствувал вртоглавица, а последно на што се сеќава е сликата на Скот Паркер од Тотенхем. После тоа настанала темнина, слична на онаа во која тонеме за време на сонот, при што не почувствувал никаква болка.
Постојат безброј дефиниции на клиничка смрт, вклучувајќи ја и „светлината на крајот од тунелот“.
Најстариот опис потекнува од 18 век, а го дал француски аптекар. Тој се сеќава на силна и чиста светлина, па мислел дека е во рајот.
Во скоро сите опишуања присуствувала светлината која е помалку или повеќе интензивна.
Но, истражувачот Сем Парнија и неговите колеги , одлучиле да земат пообјективен пристап.

 

Пред 15 години, неговиот тим интервјуирал 63 пациенти за време на 12 месечен период, од општата болница Саутемптон кои заздравувале од срцев удар. Од нив седум можеле да се сетатна своите мисли од периодот додека биле без свест. Еден од нив го опишал доаѓањето до границата од која нема назад, еден чувството на спокој, а еден дури и скок од планина.
Значи, само мал број на луѓе можеле да се сетат дека се наоѓале близу смртта, а докажано е дека и токму тие имале највисоко ниво на кислород во крвта, а со тоа и подбри когнитивни функции. Во последната студија од ваков вид, која е спроведена во 15 американски и иевропски болници, двајца пациенти имале чувство дека излегуваат од своето тело.
Еден, и покрај тоа што бил клинички мртов, слушнал како една жена го вика од плафонот. Кога и се придружил, го погледнал своето тело од височина и слушнал глас: „Реанимирајте го пациентот“.
Ја видел сестрата и маж без коса во сина униформа. Друг пациент пак се сетил дека од таванот си го видел своето тело на креветот, сестрата која му ги масирала градите и лекарите кои го интубираат.
Иако ни во овие случаи не можело прецизно да се тестира дали овие луѓе навистина имале искуство на живот после смртта, научниците барем го потврдиле тоа што се знае од претходно. Откако познатиот фудбалер Фабис Муамба падна на стадионот за време на еден натпревар и успеа да преживее, го раскажа своето искуство „од друг

Пронајдете не на следниве мрежи: