Човештвото се соочува со НОВА ЗАКАНА: Доаѓа оружје кое е помоќно од нуклеарното!

Се наближува времето на појава на програмирани биолошки оружја, а научниците предупредуваат дека тие би можеле да бидат подеднакво смртоносни, ако не и посмртоносни од нуклеарното оружје.Во тие оружја се употребува нешто што се нарекува синтетичка биологија, која наликува на генетскиот инженеринг, но на стероиди. Во основа, станува збор за репрограмирање на гените да извршуваат точно определена функција.
Но, академските експерти на конференцијата New America Future of War, предупредуваат дека тие оружја би можеле да претставуваат поголем проблем од нуклеарното оружје.
„Биолошки базираите конфликти во иднината, би биле подеднакво смртоносни како и нуклеарното наоружување. Колку за споредба, тоа би било вака: ќе ти ги уништам изворите со вода, ќе ти ги уништам залихите на храна, нема да имаш можност за размножување, ниту пак ќе дозволам твоите гени да се шират“, се само дел од примерите кои ги наведе Мајкл Кроу, кој е декан на американскиот државен Универзитет Аризона, пренесе news.com.au.
Тој предупреди и дека мора сериозно да се седне на маса и да се размисли за тие работи, пред да ги загубиме сите конци во рацете.
Агенцијата за напредни истражувања во САД, ДАРПА, веќе со години ја истражува можноста за употреба на синтетичка биологија за воени цели, па во 2014 година беше основан и оддел за биолошка технологија во склоп на таа агенција.
Нивното истражување е застрашувачко. Во 2011 година, ДАРПА почна да вложува средства во проектот што се нарекува BioDesign. Целта на проектот е да се произведе синтетички организам кој може вечно да живее, или по потреба да се убие со тн. молекуларен прекинувач.
Таквите организми би можеле да „предизвикаат точно зацртан биолошки ефект“. Или со други зборови, ќе го прават точно она што нивните креатори би го посакале.Во тие оружја се употребува нешто што се нарекува синтетичка биологија, која наликува на генетскиот инженеринг, но на стероиди. Во основа, станува

Пронајдете не на следниве мрежи: