Kaspersky Lab ПРЕДУПРЕДУВА: Америка може да го шпионира секој персонален компјутер во светот!

Националната Агенција за безбедност на Америка (NЅА), сфати како да сокрие шпионски софтвер длабоко во хард дисковите, овозможувајќи ѝ да следи и да прислушкува поголем дел од компјутерите низ светот – дури и кога не се приклучени на интернет, пренесе Daily Mail.Компанијата Kaspersky Lab, рече дека лоцираше персонални компјутери во 30 земји од светот, кои се заразени со една или повеќе програми за шпионирање. Повеќето инфекции се забележани во Иран, потоа во Русија, Пакистан, Авганистан, Кина, Мали, Сирија, Јемен и Алжир.
Целите на прислушкување се владини и воени институции, телекомуникациски компании, банки, енергетски компании, нуклеарни истражувачи, медиумите и исламските активисти.
NSA започна да ги инфицира компјутерите во 2001 година, тврди Kaspersky, а напорите за шпионирање се зголемиле и во 2008 година, кога Барак Обама беше избран за претседател на Америка.
Ова ги „надминува познатите техники за шпионажа, во однос на комплексноста и софистицираноста на техниката. А проблемот е активен речиси две децении”, изјавија од Kaspersky.
Да биде уште поинтересно, дури ниту креаторите на овие хард дискови не се свесни дека овие програми за шпионирање се инсталирани, бидејќи NSA знае да прати лажни програмери кои се претставуваат како оперативци кои им нудат на компаниите свои сигурносни кодови, или пак им велат дека Владата мора да направи соодветни модификации на дисковите за да се обезбеди поголема сигурност на компјутерот.
Според Kaspersky, шпионите направија технолошки пробив откако пронашле начин да подметнат малициозен софтвер во нејасни кодови наречен „firmware“, кои се лансираат секој пат кога компјутерот се стартува.
Шпионите и експертите за безбедност на интернет, ги гледаат овие програми како втора најзначајна работа во компјутерот.
„Хардверот е во можност да го зарази компјутерот одново и одново“, изјави Костин Раиу, кој е вработен во оваа руска компанија.

Иако лидерите на оваа сѐ уште активна шпионска кампања можат да ја преземат контролата над илјадници компјутери, давајќи им можност да украдат датотеки или прислушкуваат нешто што сакаат, тие се селективни и далечински управуваат со уредите кои им припаѓаат на најпосакуваните странски цели.
Фирмата одби јавно да ја именува земјата која стои зад кампањата со шпионирањето, но рече дека таа е тесно поврзана со Stuxnet, сајбер оружјето на NSA кое беше искористено за напад на објект кој наводно изобилувал со збогатен ураниум во Иран.
Поранешен вработен во NSA, за „Ројтерс“ изјави дека анализата на Kaspersky е точна и дека луѓето сѐ уште ги употребуваат овие техники во разузнавачката агенција, исто како и Stuxnet. Друг поранешен разузнавачки оперативец, потврди дека NSA создаде техника за прикривање на шпионски софтвер на хард дисковите.
Добивање на изворниот код
Шпионските програми мора да имаат пристап до комерцијален код, кој го насочува работењето на хард дисковите. Тој код може да послужи како патоказ за пропусти, дозволувајќи им на оние кои го испитуваат полесно да извршат хакерски напад.
„Постојат нула шанси дека некој може да го преработи уште еднаш оперативниот систем со користење на информации од јавен карактер“, изјави Раиу.
Загриженоста за пристапот до изворниот код, се разгоре по серијата сајбер напади врз Google Inc. и другите компании од САД во 2009 година, за кои беше обвинета Кина. Инспекторите тогаш изјавиле дека откриле докази дека хакерите добиле пристап до изворниот код од неколку големи американски технолошки компании.
NSA одби да коментира на овие изјави, но даде само кратко објаснување дека нивните интереси се да ја заштитат приватноста на граѓаните и да ја зголемат безбедноста од можни надворешни сајбер напади.Компанијата Kaspersky Lab, рече дека лоцираше персонални компјутери во 30 земји од светот, кои се заразени со една или повеќе програми за шпионирањ

Пронајдете не на следниве мрежи: