МОРНИЧАВА ПРИКАЗНА: Во телото на четиригодишно дете живее дух на војник кој бил убиен во 1983 година?!

Американката Мишел Лукас верува дека во телото на нејзиниот четиригодишен син, живее духот на американски маринец кој загинал во Бејрут. Таа вели дека нејзиниот син има напади на паника, во кои изговара работи кои единствено би можел да ги знае убиениот војник.Ендрју Лукас има само четири години, а сепак јасно се сеќава на смртта на американскиот маринец Вал Луис, кој беше убиен во терористички напад во Бејрут на 23 октомври во 1983 година.
– Мамо, мамо, зошто ме пушти да загинам во оган? – вреска Ендрју пред спиење скоро секоја вечер.
Неговата мајка Мишел Лукас, вели дека Ендрју зборува работи кои ниедно дете од четири години не би можело да ги знае.
Бидејќи детето упорно ги повторувало истите реченици, Мишел решила да ги запише. На пример, адресата „860 Главна улица“ во градот Самтер, во државата Џорџија. На ужас на мајката, ова е адресата на која живеел Вал Луис.
Тој беше погребан во истиот град. Кога на Ендрју му ги покажале сликите од маринците кои пред 31 година заедно со Вал загинале во Бејрут, тој замолчел и потоа рекол: „Ова се моите пријатели“.
За да му помогне, мајката го однела на гробот во кој е погребан маринецот.
– Ендрју беше сосема мирен. Пријде и остави цвеќе. Тогаш потрча до гробот во близина и рече „ова е мојот пријател“. 
Тоа бил гроб на уште еден маринец. Мајката на Ендрју сѐ уште нема одговор на прашањето што се случува со нејзиниот син.
Дали вие имате мислење за ова?
Ендрју Лукас има само четири години, а сепак јасно се сеќава на смртта на американскиот маринец Вал Луис, кој беше убиен во терористички напад во Б

Пронајдете не на следниве мрежи: