Најголеми светски завери и мистерии: Илуминатите сакаат да ја укинат религијата и нацијата?!

Редот основан во Баварија постоел најмалку 10 години, но скоро и да нема теоретичар кој не смета дека тајно друштво стои зад скоро сите случувања кои ја менувале историјата во 19 и 20 век.Теориите на завера постојат откако постои и светот. Луѓето, изгледа сакаат да расправаат за тоа дали со нашата планета владеат политичари кои секој ден ги гледаме на малите екрани, или сепак зад нив се кријат некои моќни луѓе во сенка, чии цели нам ни се непознати.
Едно од најчесто споменуваните, а истовремено најмистериозните тајни друштва секако се илуминатите. Ова име,  на латински значи просветлени, се користи за неколку встински и измислени групи. Др. Адам Вајсхаупт, поранешен језуит и прфесор по црквено право, на 1 мај 1776 го основал редот на илуминатите во оквир на постоечката масонска лоза на Германија.
Ред и забрана
„Илуминатите биле тајно друштво во кругот на тајното друштво“, напишал пиблицистот Роберт Антон Вилсон, напознатиот истражувач на ова тајно друштво. „Баварската влада ја забранила нивната работа во 1785, наводно поради заверите да се собори власта во сите краеви на Европа и Папата. Во врска со тоа сите се сложуваат. Се останато околу нив е многу контроверзно.
Нов поредок
Илуминатите многумина ги поврзале со мрачните сили
Група обожаватели на Луцифер
Иако е основачот на илуминатите бил језуитски ученик, а затоа професорот на црквеното право, неговото противење кон религиите довело до тоа ова тајно друштво во многу списи да се поврзе со Луцифер. Првиот доказ за тоа, наведуваат теоретичарите, е самото име на групата. Илуминати значи просветлен, додека името Луцифер значи оној кој го донел светлото. Според твдрењата, тие сметаат дека Бог не им дозволувал на Адам и на Ева да дојдат до нови знаења, па затоа змијата ги убедила да го изедат јаболкото. Наводно, тие го обожаваат Луцифер и кога се борат против религиите, се борат само против верувањата во Бог, но не и против верувањата во неговиот паднат ангел.

Сите теории за тајните управувачи
– Првите форми на илуминати се јавуваат уште во античко време, тврдат поединци
-Во 15 век во Шпанија настанува секта која ја практикувала формата на христијанството наречена алумбрадос, што на шпански значи просветлени. Некои теоричари веруваат дека Ваисхаупт само ја обновил оваа секта.
– Во 16 век редот на илуминатите станува многу силен во Франција
– Ја покренале Првата Светска војна во 1914. Наводно, стоеле и на двете страни
-Стоеле зад Октомвриската револуција во Русија, 1917 година.
-Го довеле на власт Адолф Хитлер, а потоа го туркаат во Втората Светска војна, во која ја контролираат и другата страна.
– Виновни се за војните и атентатите по Втората Светска војна.
Ова се нивните симболи
Око кое гледа се
Според теоретичарите на завери, овој симбол е најчуениот симбол на масоните и илуминатите. Окото го претставува Луцифер, а 13-те скалила на пирамидата се 13-те крвни линии на илуминатите, семејство кое владее со светот.
Триаголник
Направениот тријаголник направен со раце е еден од симболите на илуминатите, тврдат теоретичарите на завери. Токму поради честото покажување на овој симбол, пејачката Бијонсе е една од јавните личности која се поврзува со ова тајно друштво.
Факти:
-Основач е Адам Вајсхаупт
-На врвот на работата имале околу 2.000 членови
-Целта им била укинување на монархијата и инстиуцијата на папите
-Баварија ги забранила во 1785Теориите на завера постојат откако постои и светот. Луѓето, изгледа сакаат да расправаат за тоа дали со нашата планета владеат политичари кои секој

Пронајдете не на следниве мрежи: