Веќе имавте можност да се запознаете со ставовите на генетичарот Давид Сузуки во врска со темата ГМО. Во продолжение ви претставуваме негова статија во врска со истата тема. На следниов линк можете да се потсетите на претхопдниот дел: Генетичарот Давид Сузуки тврди дека луѓето се „дел од масивен експеримент“ – I делДавид Сузуки и Фаисал Мола напишале статија во која на почетокот пишуваат за пуштањето на супер-генетички модифицираната пченка наречена “SmartStax“, која се покажала дека е штетна за здравјето на луѓето. Статијата беше напишана во 2009, но сеуште има добри информации.
„Во подготовоката за пуштање на пазарот на супер-генетички модифицирана пченка наречена “SmartStax“, земјоделскиот биотехнолошки гигант Монсанто користи рекламен слоган кој прашува: „нели би било подобро“? Но можеме ли подобро од природата, на која и требале години за да ги развие растенијата кои ги користиме за исхрана?
Не знаеме. И тука е проблемот. Пченката, развиена од Монсанто “поддржува“ осум генетски својства, шест кои му овозможуваат на растението да се брани од инсекти и две за да биде отпорно на пестициди против трева, од кои повеќето се бренд на Монсанто. За прв пат генетски модифициран продукт е маркиран со повеќе од три средства.
Канада ја одобри пченката без да провери дали е ризична за здравјето на луѓето, тврдејќи дека осумте средства веќе биле имплементирани во други растенија.
Еден од проблемите е тоа што не ги познаваме неочекуваните последици од генетски модифицирана (ГМ) и генетски произведената храна. Научниците можат да споделат конснзус за прашања како на пример глобално затоплување предизвикано од човекот, но и тие го немаат истото ниво на сигурност во врска со ефектите од генетски модифицираните органими врз околината!
Некои велат дека конзумираме ГМО храна со години со неколку негативни последици, но ни треба време да ги препознаеме промените во здравјето. Со ГМО храната, се крена загриженоста за можни ефекти на стомачна бактерија и отпорност на антибиотици, како и нивната улога во алергиски реакции.
Се разбира не се тоа единствените прашања поврзани за ГМО. Доколку дозволиме агро-хемиските компании да создрадат ГМ семиња со неколку рестрикции, значи дека овие компании можат да создадат монопол во земјоделското произвотство. Со претставувањето на SmartStax, им даваме зелено светло на агро-хемиските компании не само да продаваат и да ја шират употребата на нивните „супер растенија“, туку и продажбата и употребата на пестицидите кои овие растенија се дизајнирани за да ги издржат.
Бидејќи не сме сигурни за ефектите од ГМО, мораме да размислиме за еден од водечките принципи во науката, принципот на претпазливост. Според овој принцип, доколку дејствието може да му наштети на човековото здравје и околината, не смееме да продложиме се додека не сме сигурни кои ќе бидат последиците.
Забрзаното растење на популацијата и влошувањето на состојбата на нашата околина поради климатските промени и зголемениот број на елементарни непогоди, меѓу другите закани, го водат начинот на кој ги насочуваме нашите напори во финансирање во фабрики и земјоделски истражувања, и често резултираат со нови ГМО видови.Давид Сузуки и Фаисал Мола напишале статија во која на почетокот пишуваат за пуштањето на супер-генетички модифицираната пченка наречена “Sma