Баз Олдрин: Видов НЛО на патот кон Месечината

Можеби постојат вонземјани во нашата галаксија, а постојат и милијарда други галаксии. Голема е веројатноста дека некаде во вселената постојат вонземјани, рече Олдрин.Едвин Баз Олдрин (84), учествуваше во „прашај ме било што“ (ask me anything) на интернет сесијата на порталот Редит. Притоа, тој откри дека во текот на летот кон Месечината видел нешто што го опишал како неидентификуван летачки објект (НЛО), но не сакал да потврди дека објектот е со вонземјанско потекло.
„Низ прозорецот ја набљудував светлината која што се движеше покрај нас. Постојат многу објаснувања што би можело да биде тоа“, рече Баз Олдрин, вториот човек кој стапна на тлото на Месечината.
Тој кон почетокот на седмицата изјави дека за време на познатата мисија Аполо 11, видел НЛО.
Тој објасни дека станувало збор за четири објекти кои личеле на панели, од кои на необичен начин се рефлектирала сончевата светлина.
Меѓутоа, тој додаде дека тоа би можеле да бидат делови од некое постаро летало, па дури и вселенски објект на некоја друга држава.
Олдрин исто така ја коментирал и програмата за испраќање на „обични смртници“ на Марс. Признавајќи дека во почетокот се сомневал во тоа дека една таква акција би можела да се спроведе од приватна компанија, како што е „Mars One“. Олдрин заклучи:
„Тоа се противи на мојата идеја и концепт, како и со уверувањето дека првите луѓе кои ќе слетаат на Марс не треба да се вратат на Земјата.“Едвин Баз Олдрин (84), учествуваше во „прашај ме било што“ (ask me anything) на интернет сесијата на порталот Редит. Притоа, тој откри

Пронајдете не на следниве мрежи: