НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО СЕ СЛУЧИЛО: Овие авиони мистериозно исчезнале со патниците и посадата!

Погледнете кои исчезнувања на авиони ја разбранија јавноста, но и останале целосна мистерија и тема на теориите на заговор.Боинг 727 украден од аеродромот во Ангола
Боинг 727-223 на 25 мај 2003 година, беше украден од аеродромот во Луанда. Двајца мажи: Бен Чарлс Падиља и Џон Мајкл Мутанту се потпишале како пилот и механичар. Инаку, овој вид на авион бара најмалку тројца членови на посадата, а од тој ден никој повеќе не ги пронајде ниту пилотите, ниту авионот.
Џез музичарот Глен Милер исчезнал за време на летот
Американскиот музичар Глен Милер, на 15 декември 1944 година требало да патува од Британија во Париз за настап. Меѓутоа, неговиот авион С-64 никогаш не слетал. Милер и се приклучил на војската во 1942 година и две години подоцна станал мајор. Многумина ја поврзаа мистеријата на исчезнувањето со војската.
Една од најнеобичните теории е на еден германски новинар, кој напишал дека Милер починал од срцев удар во рацете на француска проститутка, но дека американската војска го прикрила тоа.

 

Исчезнат воен авион со посадата за време на војната во Виетнам
На летот број 739 се наоѓале американски војници кои патувале од базата во Калифорнија до базата во Виетнам. Во него се наоѓале 92 патници и 11 членови на посадата. Беше пријавена експлозија на небото еден час по последната радио комуникација. Меѓутоа, телата на патниците и остатоците од авионот никогаш не се пронајдени.
Исчезнувањето на Амелија Ерхарт
Ерхарт била првата жена која го прелетала Атлантскиот Океан, но нејзиниот авион исчезнал на 2 јуни 1937 година, за време на нејзиниот обид да го заобиколи светот.
И за оваа мистерија се појавија многу теории; едни тврдат дека таа била таен агент чиј авион се урнал во Јапонија каде што била грабната, други веруваат дека таа успеала да го заобиколи светот, но дека при слетувањето во САД го сменила името и водела мирен живот.
Пет исчезнати авиони над Бермудскиот триаголник
Станува збор за пет бомбардери на американската морнарица во кои се наоѓале по 14 членови на посадата. Нивната локација станала непозната два часа по полетувањето, а еден од нив по еден час јавил дека нема гориво. Воениот авион тргнал во спасувачка мисија, но и тој исчезнал без трага.

 
Бразилски авион кој носел уметнички дела кои вределе над еден милион долари
Шест членови на посадата, 153 слики во вредност од 1,2 милиони долари и авионот, исчезнале во 1979 година. Единствено е познат фактот дека авионот полетал од аеродромот во Токио, но му се изгубила секоја трага.
ДС-4 исчезнал над езерото Мичиген
58 луѓе ги загубија своите животи во јуни 1950 година, на летот 2510 кој исчезнал над езерото Мичиген. Тој летал од Њујорк во Минесота. Телата, какои и остатоците од авионот никогаш не се пронајдени, па се прогласени за мртви.
Малезискиот авион
На оваа листа се најде и овогодинешното исчезнување на малезискиот авион, кое стана вистинска мистерија и тема на разните теории на заговор. По 8 март 2014 година, сите 227 патници и членови на посадата потполно исчезнале на летот МН370.
Боинг 727 украден од аеродромот во Ангола
Боинг 727-223 на 25 мај 2003 година, беше украден од аеродромот во Луанда. Двајц

Пронајдете не на следниве мрежи: