ОВОЈ ДОКУМЕНТ ЌЕ ЈА СМЕНИ ПЛАНЕТАТА: Викиликс го откри тајниот план на светските владетели!

Светските моќници сакаат да ги укинат законските одредби кои ги ограничуваат и на тој начин да ги прошират своите мултинационални компании низ целиот свет!Викиликс ги објави деталите од тајниот документ со кој светските моќници сакаат да ги изманипулираат законските одредби, со цел да овозможат ширење и глобална надмоќност на своите гигантски мултинационални компании, кои имаат седишта во светските метрополи.
Станува збор за нацрт од анексот на документот за Спогодба за услугите (Trade in Services Agreement – TISA), кој се однесува на финансиски услуги. Викиликс наведува дека тој анекс покрива 50 држави и дури 68,2% од светската трговија со услуги!
Главните заговорници и автори на измените се ЕУ и САД. За да ја постигнат својата цел, тие „во важна анти-транспарентна постапка го класифицирале тој нацрт како тајна – не само за време на преговорите, туку и за пет години, колку што е предвидено TISA да стапи на сила“, наведува Викиликс.

 

Луѓето од Викиликс велат дека со тој анекс ќе бидат укинати важни правила за регулација на глобалниот пазар за финансиски услуги. Доколку не постојат законски ограничувања, мултинационалните финансиски компании (со седишта во Њујорк, Лондон, Париз и Франкфурт), лесно ќе се прошират во другите земји.
САД се посебно заинтересирани за подобра прекугранична размена на податоци, што би овозможило слободна и скоро безгранична размена на лични и финансиски податоци.
Преговорите околу TISA моментално се водат на маргините на GATS (Генерална спогодба за трговија со услуги) и WTO (Светската трговска организација). Моќниците сакаат да ги ускладат TISA и GATS, со цел да извршат притисок врз останатите членки на ЅТО да им се придружат на проектот. Во преговорите не учествуваат членовите на BRICS (Бразил, Русија, Индија и Кина), бидејќи TISA во иднина би ги ослабнала нивните позиции.
Следната рунда преговори почнува на 23 јуни во Женева. За TISA моментално преговараат Австралија, Канада, Чиле, Тајван, Колумбија, Костарика, Хонг Конг, Исланд, Израел, Јапонија, Лихтенштајн, Мексико, Нов Зеланд, Норвешка, Пакистан, Панама, Парагвај, Перу, Јужна Кореја, Швајцарија, Турција, САД и ЕУ.Викиликс ги објави деталите од тајниот документ со кој светските моќници сакаат да ги изманипулираат законските одредби, со цел да овозможат ширење

Пронајдете не на следниве мрежи: