Дали Германците во 1933 лансирале ракета со екипаж кон вселената?

Британскиот весник Рефери на 29-ти Октомври 1933 година објавил дека извесен Ото Фишер со ракета висока 7 метри успеал да одлета и до 10 километри во атмосферата, од островот Руген во територијалните води на Германија во Балтичкото Море.Ракетата ја конструирал братот на Ото, Бруне Фишер. Лансирањето се одвивало во строга тајност, бидејќи било финансирано од Рајхот, но и поради фаталниот неуспех на ист таков проект година порано.
Ото и уште двајца мажи влегле во ракетата, а Бруне го притиснал копчето за лансирање. Со голема експлозија и блесок, ракетата се вивнала кон небесата. Бруне се обидувал со далечински управувач да ја контролира истата. Штом почнала да се приземјува, бил отворен падобран кој требало да ја намали брзината на ракетата.
На крај таа слетала неколку метри подалеку од местото на лансирање. Фишер излегол оттаму сиот пребледен, но со огромна насмевка на лицето. Летот во вселената траел 10 минути и 36 секунди.
Вистинитоста на овие факти е мошне веројатна, со оглед на тоа дека Германците во тоа време постојано барале ракетни погони, но и тоа што Бруне Фишер навистина постоел и работел грижливо на ракетата.
Оваа вест во тоа време предизвикала бурни реакции од страна на многуте американски вселенски друштва, како и организации од Британија, Австрија и Советскиот Сојуз. Сите тие буквално биле опседнати со неверојатниот лет на ракетата на Ото и Бруне.Ракетата ја конструирал братот на Ото, Бруне Фишер. Лансирањето се одвивало во строга тајност, бидејќи било финансирано од Рајхот,

Пронајдете не на следниве мрежи: