Убиен новинар од турскиот весник „Адимлар“

Најмалку едно лице загинало, а тројца се ранети при експлозија на бомба пред редакцијата на просиламскиот весник „Адимлар“ во Истанбул, соопшти денеска турската полиција.Бомбата била поставена пред вратата на редакцијата која се наоѓа на третиот кат од зградата, а била активирана уште синоќа кога се отворила вратата, се наведува од полицијата.
Во нападот загина новинарот Унсал Зор (45), од весникот кој излегува еднаш месечно, а е близок на една турска милитантна организација.
Мотивот и одговорните за нападот засега не се познати и никој сѐ уште нема преземено одговорност за чинот.Бомбата била поставена пред вратата на редакцијата која се наоѓа на третиот кат од зградата, а била активирана уште синоќа кога се отворила вратата

Пронајдете не на следниве мрежи: