Видео: Вуди Харелсон се произнесува за Монсанто

Вуди Харелсон, познат по улогите во многу холивудски филмови, не го гледа светот со исти очи како и лажната и непостојана мрежа во која работи.Тој реши преку поема придружена со неколку слики да го претстави својот светоглед за настаните кои денес ги мачат луѓето.

„Понекогаш се чувствувам како вонземско суштество за кое земско објаснување нема.
Секако дека имам човечки облик и исправено одам, но умот наопаку ми е.
Се чувствувам како брза реченица и свет луд по интерпункција
И светот околу мене го гледам како еден заеднички луд сон.
И бескрајна низа од луѓе, како мравки, се движат по патот, на телефоните, компјутерите и дигиталните екрани.
Веруваме дека среќата со пари се купува.
Стекнуваме став
Како некој генетски модифициран Биг Мек кој некако е слика за храната.
Моралот е озаконет, затворите преполни, религиите инкорпорирани.
Мотивот за профит предничи на сите активности.
На владата и плаќаме да ни дозволи да се паркираме
А најмногу пари преку војните се прават.
Знаеме дека проектилската љубомора доаѓа од тоа што сме мали
На политичарите и проститутките заедно убаво им е.
Се прашувам дали муабет за времето си прават.
Оваа влада е основана од, со и за луѓето,
Но сите како огромен чир ја гледаат.
Те не не претставуваат нас повеќе,
Па обвинувањето на претседателот е исто како да се дерете на кукла зошто лошо пеела.
Кој ли е човекот што зад завесата конците ги влече?
Милиони луѓе в собите телевизија гледаат и тоа живот го викаат.
Но за мене, живеење е љубење.
И штом нема љубовна соба, седам на тревата под дрвото и си думам како беше порано.
Прединдустриска револуција
Која секако се случи пред реките, океаните и небесите да се загадат.
Пред Паркинсон и кравојто лудило, и пред сите згрчени идеи за облакодери, хартија од дрво и земски силувачи,
Како Монсанто и Даптон кои прават што сакаат до ден денес.
Ова предбитие
Некогаш кога бизонот слободно шеташе, на Индијанците шумата дом им беше, а Бог беше природа и небеса.
Може ли да замислите чиста храна, вода и воздух, живот во заедници каде човек за животно и обратно се грижат?
Се осмелувате ли да сте одговорни за секој денар што го трошите?
Ќе го богатите ли богатиот уште?
Велите сакате револуција, општествена еволуција за да сте дел од оваа продукција?
Можеби ќе се видиме…“Тој реши преку поема придружена со неколку слики да го претстави својот светоглед за настаните кои денес ги мачат луѓето.

Пронајдете не на следниве мрежи: