Планетата гори и допрва ќе гори: Температурите ќе бидат неподносливи, а поплави ќе ја разорат Европа!

Стручњаците прогнозираат дека бројот на ледени денови ќе се намали за 20 до 70 отсто, додека бројот на врели денови ќе порасне помеѓу 30 и 250 отсто. Делтите на одредени реки ќе се исушат, а плажите и бреговите ќе бидат оштетени на целата планета.Голем број од светските научници не оспоруваат дека до 2050 година ќе дојде до топење на глечерите и кревање на нивото на морето. Врнежите ќе бидат значително обемни, ветровите посилни, а поплавите на Стариот континент ќе бидат зачестени и поразорувачки. Стручњаците единствено не се сложуваат во предвидувањето на размерот на природните катастрофи.
Брендан Јонгман од амстердамскиот универзитет, кој е водечки автор на мултидисциплинарното истражување на специјализираното списание „Nature climate change“, укажува дека со анализа на промените во моделите на врнењето, се дојде до заклучок дека поплавите ќе станат паневропски проблем и дека до средината на векот ќе предизвикаат третина од загубите во националните економии.
„За споредба, во првите 12 години од овој век, просечните трошоци поради поплавите во ЕУ изнесуваа околу 4.9 милијарди евра годишно. Врз база на проекција на врнежите во следните децении и постоечки одбрани од поплавување, трошоците на ЕУ до 2050 година ќе се зголемат на 23.5 милијарди евра годишно“, вели професор Јонгман.
Специјализираните списанија потсетуваат дека „Балканот веќе ги искусил климатските екстреми во последните години“. Зимата 2011/2012, беше една од најладните и најострите во последните неколку децении, а следеше пеколно лето што предизвика неконтролирани пожари.
„Траењето и интензитетот на сушите веројатно ќе се зголемат во регионите на Медитеранот, Централна Европа и Централна Америка, североисточен Бразил и Јужна Африка“, вели професорот Мануел Де Кастро.

 
Стручњаците на НАСА направија прогноза за влијанието на климатските промени на континентите
Европа: Зголемен ризик од катастрофални поплави во внатрешноста на континентот. Поплавите ќе бидат зачестени во близина на морските брегови, како и ерозијата на тлото. На југот од континентот, принесите од жетвите ќе бидат значително намалени.
Латинска Америка: Постепеното намалување на териториите под тропските шуми, посебно во источните делови на Амазонија ќе им го отстапат местото на тревнатите степи.
Северна Америка: Тенка снежна покривка на планините. Повеќе врнежи и поголеми суши во пределите каде што инаку нема дожд.
Африка: Веќе кон крајот на оваа деценија, околу двесте милиони луѓе би можеле да останат без доволно вода за пиење. Во сушните предели би можело да дојде и до недостаток на храна.
Азија: На југ, во централните делови и на југоисток, ќе дојде до недостаток на вода за пиење, додека голем појас од брегот ќе биде изложен на поплави.
Голем број од светските научници не оспоруваат дека до 2050 година ќе дојде до топење на глечерите и кревање на нивото на морето. Врнежите ќе бидат

Пронајдете не на следниве мрежи: