Научно откритие: Луѓето во Америка дошле од Азија?!

Во една пештера во Мексико е пронајден скелет од девојче кое го доби името Наји, а за кое се смета да би можело да биде главен доказ во теоријата дека првите американски доселеници дошле од Азија.Мексиканските експерти имаат намера да го извадат целиот скелет на девојчето кое пред скоро 13.000 години паднало во дупка во една пештера во Мексико и починало на лице место. Археологот Пилар Луна вели дека засега од пештерите кои се полни со вода извлекле само еден катник од девојчето и дел од реброто.
Кога ќе бидат целосно извлечени, остатоците ќе бидат проучени и потоа изложени, најверојатно во музејот во државата Кинтана Ру, каде што девојчето е пронајдено – рече Луна, која воедно е и заменик директор на мексиканскиот национален институт за антропологија и историја.
Луна истакна дека експертите пронашле и остатоци од 26 животни, вклучувајќи и сабјозабест тигар, огромни тапири и мечки, но дека е неопходно детално проучување на тие остатоци.
Готово недопрениот скелет случајно беше откриен од група нуркачи во 2007 година, кога ги мапирале поплавените пештери северно од Тулум, на исток од Јукатан. На дното од пештерата пронашле коски од животни и скелет. Нуркачите го нарекле девојчето Наји според најадите, водени нимфи од грчката митологија.
Мексиканските експерти имаат намера да го извадат целиот скелет на девојчето кое пред скоро 13.000 години паднало во дупка во една пештера во Мекси

Пронајдете не на следниве мрежи: