Шокантно откритие: Тајна нацистичка војска ја штитела Западна Германија од комунистите!

Новооткриени документи покажуваат дека во годините по Втората светска војна, поранешните припадници на Вермахт и Вафес-СС оформиле тајна армија за да ја заштитат земјата од потенцијална инвазија од Советите – но, никој не знаел за тоа!Цели шест децении ова дебело досие лежеше незабележано во архивите на БНД, германската разузнавачка служба: овие заборавени документи денес откриваат дека постоела ултра-тајна организација која била составена од 2.000 ветерани на Вермахт и Вафен-СС, која е оформена во 1949 година во Западна Германија, без знаење на германската влада, без одобрение на парламентот и без знаење на окупаторите (сојузниците), а со цел за одбрана на новоформираната Сојузна Република Германија од источно-германската и/или советската агресија.
Во случај на војна, оваа тајна армија можела да мобилизира и до 40.000 луѓе. Главен организатор бил поранешниот полковник Алберт Шнез.

 
Целиот проект е зачнат во Швабија, регион околу Штутгарт, во кој Шнез по војната се занимавал со трговија во дрвната индустрија, текстилната и продажба на домашни апарати.
Шнез собирал донации од побогатите луѓе и од поранешните офицери, го контактирал здружението на ветераните и склопувал тајни договори со превозници за да може да ги префрли своите луѓе на сигурно, во најлош можен случај. Во своите редови имале и важни и влијателни луѓе во новите власти, од припадници на владините институции за безбедност во Бон, до поедини градоначалници, а имале и разузнавачка служба: оделе толку далеку што дури собирале и податоци за истакнати левичари!
Интересно е тоа што тие имале контакти и договорена соработка со организацијата која ја оформи познатиот Ото Скорцени, но и со две нацистички групи кои тајно биле финансирани од САД, а кои исто така собирале поранешни нацисти: Сојуз на германската младина и нивната специјализирана организација се познати како Техничка служба, која и сама се подготвувала за партизанска војна, а која властите во Бон ја забраниле во 1953 година.
Тоа што останале толку долго незабележани е поради нивната конспиративност: секој кандидат бил добро проверуван, иако не останале целосно имуни на старите навики – извесен криминалец К. е опишан како „интелигентен, млад и … полу – Евреин“.
На нивните списоци се наоѓале дури 10.000 имиња, меѓу кои 2.000 офицери. Секако, бројот би се зголемил во случај на инвазија.

 
Дури во 1951 година, група позната под името Геленова организација, дознала за оваа војска (и тоа така што Шнез сам им се обратил за финансиска помош) и го извести канцеларот Конрад Аденауер.
Една од причините сигурно лежи во факотот дека Бундесвер, вооружена сила на нова Германија, се уште не бил формиран (ќе биде дури и во 1955 година), а дека сојузниците повлекле голем дел од својата војска, оставајќи ја Западна Германија во ранлива положба во случај на некаква интервенција од Москва и Источниот блок.
Втората причина е полоша: Поранешните есесовци имале големо влијание во повоена Германија, за што сведочи и еден транскрипт од состанокот на Геленовата организација на која еден агент предложи за некое прашање да се „консултира СС“, бидејќи СС е фактор кој треба да се праша за мислење пред да се донесе одлука. Се верува дека ова влијание постоело за време на 50-тите години.
Било како било, тајната војска згаснала кога се формирал Бундесверот и кога нејзиното постоење веќе не било неопходно.  
Цели шест децении ова дебело досие лежеше незабележано во архивите на БНД, германската разузнавачка служба: овие заборавени документи денес открива

Пронајдете не на следниве мрежи: