НЛО: Пет неверојатни приказни за вонземјаните

Топ пет приказни во кои главните актери се вонземјани и од чии искуства се крева косата на главата.Без оглед дали некој верува во НЛО или не, постојат оние кои тврдат дека имале многу необични средби со вонземјаните. Нивните искуства секогаш привлекувале внимание, а од некои знае да се крене и косата на глава.
Случајот Розвел
Во јули 1947 година, непознат летечки објект се урнал во градот Розвел во американската сојузна држава Ново Мексико. Трагите од метални и расфрлани делови по полето беа пронајдени од фармерите Вилијам Мек Бразел и Де Проктор. Наскоро се појавија гласини за пронаоѓање на нивните лешеви. Кон 1990 година, во јавноста се појави филм кој покажува обдукција на хуманоидно суштество кое лежи на операциската маса. Автентичноста на филмот никогаш не е потврдена.

Инцидентот Кеш-Ландрум
Бети Кеш, Вики Ландрум и Колби Ландрум се возеле на 29 декември 1980 година кон куќата во Дејтон, Тексас. За време на возењето над нив се појавила силна светлина поради која тие морале да го сопрат автомобилот. Светлината имала облик на дијамант. Одеднаш почуствувале силна топлина и тогаш мистериозниот објект исчезнал. Жените се здобиле со изгореници и вртоглавици. Оттогаш, секоја година на истиот тој ден страдаат од главоболка.

Инцидентот во Кексбург
Ситуацијата е слична како во случајот Розвел. Во Кексбург, 1965 година во Пенсилванија се урна мистериозен објект во облик на желад и големина на Волксваген Буба. На себе имал симболи кои се слични на египетските хиероглифи. Набрзо на местото на настанот дошла американската војска и го однела објектот, а за целиот инцидент не сакале да коментираат. 

НЛО во Коларес
Бразилскиот остров Коларес стана познат поради појавите на НЛО кои се случија во 1977 година. Сведоците исто така имаат претрпено повреди кои вклучуваат изгореници и рани од убоди кои биле предизвикани од интензивното зрачење. Во тоа време, доктор Валеаиде Карваљо лечел 35 пациенти на кои им беше дијагностицирана изложеност на преголемо зрачење. Жртвите имале вртоглавици, главоболки, низок притисок, анемија и трајно губење на косата на местата каде што кожата им била изгорена.

Инцидентот во Варгиња
Се случи во Бразил, 1996 година. Мислењата за тој настан и понатаму се поделени: некои сметаат дека медиумите создале паника, но од друга страна, постојат сведоци и некои домашни снимки. На небото бea видени непознати објекти, а недолго потоа чудни суштества почнале да лутаат по улиците. Едно суштество убило војник. Не се знае како било фатено. Имено, суштеството било високо 1,6 метри со голема глава и многу тенко тело, смеѓа кожа и црвени очи. Сведоците велат дека изгледале рането или болно. Лешот од друго необично суштество беше пронајдено два дена подоцна. Војникот кој учествуваше во фаќањето на суштеството, по недела дена почина од непозната бактериска инфекција.
Без оглед дали некој верува во НЛО или не, постојат оние кои тврдат дека имале многу необични средби со вонземјаните. Нивните искуства секогаш прив

Пронајдете не на следниве мрежи: