Користите ли пластични шишиња?- Еве што значат ознаките на нивното дно!

Секој производител е должен да го наведе составот на шишето, па така на нив се наоѓаат разни  букви и ознаки.Потрошувачите се повикуваат добро да ги проверат ознаките на дното на шишето, за да ја избегнат употребата на овие производи кои можат да бидат штетни за вашето здравје.
Имено, пластичната амбалажа со ознака HDP, HDPE, LDPE, PP не ослободува опасни состојки  во вода, додека останатите пластични амбалажи се долгорочно опасни за организмот, бидејќи напитокот во нив е подложен на делување на штетни материи, а во следното полнење, се разбира, и бактериолошки.
Секој производител е должен да го наведе составот на шишето, па така на нив се наоѓаат разни  букви и етикети, како што се:
PET или PETE – означува шишиња наменети за еднократна употреба. Можно е да испуштаат тежок метал антимон и хемиска материја EPA, што им пречи на делувањето на хормоните, како и некои канцерогени споеви.
HDP или HDPE – пластика која веројатно испушта најмалку хемикалии во водата.
PVC или 3V – испушта две отровни хемикалии, кои пречат во делувањето на хормоните во човечкото тело, а најчесто се користи за изработка на шишињата.
LDPE – пластика која не се користи за изработка на шишиња туку за изработка на пластични вреќички, иако не испушта хемикалии во водата.

 

PP – уште една „добра“ пластика (бела или полупровидна боја) која се користи како амбалажа за сирупи или за чаши за јогурт.
РS – испушта во вода канцерогена материја Stiren, а најмногу се користи за изработка на чаши за кафе за еднократна употреба и за амбалажи за брза храна.
PС или без ознака – најлоша пластика за прехрамбени производи, бидејќи излачува хемикалија BPA, покрај тоа се користи и за израбтка на шишиња за доенчиња, спортски шишиња и чинии за чување храна.
Докажано е дека во РЕТ амбалажата се наоѓаат штетни состојки по здравјето (хексанон, октан, нонан, бензен, тоулен). Меѓутоа, наводно експериментално е докажано дека можноста за загадување на содржината во шишето е малку веројатно. Потрошувачите се повикуваат добро да ги проверат ознаките на дното на шишето, за да ја избегнат употребата на овие производи кои можат да бидат ште

Пронајдете не на следниве мрежи: