Неверојатно откритие: Исус Христос не бил распнат на крст?!

Во евангелието според Варнава, се наведува дека Исус не бил син Божји и дека не е распнат на крстот, туку дека на него страдал Јуда Искариотски. Во оваа верзија за Христовиот живот наводно постои сведоштво за неговата проповед во која што зборува дека новиот месија ќе се вика Мухамед и дека ќе биде Арап.Турција тврди дека поседува оригинални списи од Евангелието според Варнава, книга со религиозна содржина која е испишана на животинска кожа, на арамејски јазик на кој што зборувал и Исус Христос, а која што наводно потекнува од петтитот век. Многумина тврдат дека ова евангелие би можело да ги растресе темелите на христијанството бидејќи ги отфрлува тврдењата дека Исус Христос е Божји син, дека е распнат и дека потоа воскреснал.
Книгата моментално се наоѓа во Анкара, а запленета е за време на една акција против криумчарење која беше спроведена во 2000 година од страна на турската полиција. Проценета е дека вреди околу 28 милиони долари. Ватикан официјално побара да ја испита нејзината автентичност.

 
Во оваа верзија за животот на Исус, наводно постои сведоштво за неговото проповедање во кое што зборува за тоа дека новиот месија ќе се вика Мухамед, дека ќе биде Арап и дека тој ќе го спаси светот од гревовите.
Инаку, дебатите околу Евангелието според Варнава траат со векови. Во Исламот се смета дека тоа е вистинското и оригиналното евангелие. Наводно, Варнава тврдел дека е единствен современ сведок за животот на Исус Христос и сакал само да ја каже вистината за христијанството.
Истовремено, тој не ги признава главните темели на христијанската вера. Стручњаците тврдат дека се пронајдени многу нелогичности во ова евангелие, поради што неговата автентичност се доведува под знак прашање.
Според верувањето, Варнава е роден на Кипар и се викал Јосиф. Апостолите го нарекоа Варнава (син на утехата), бидејќи умеел да ги теши луѓето. Заедно со апостолите Павле и Марко го проповедале евангелието во Антиохија. Страдал на Кипар, кога Евреите го каменувале до смрт.
Турција тврди дека поседува оригинални списи од Евангелието според Варнава, книга со религиозна содржина која е испишана на животинска кожа, на ара

Пронајдете не на следниве мрежи: