Многу ирански медиуми се познати по нивната склоност кон теориите на заговори во врска со Западот. Меѓутоа можно е една од нив оваа натамошна практика да ја померила на едно сосема ново ниво.„Соединетите Американски Држави ги управува тајна влада од сенки на вонземјани“. Ова е новински наслов на агенцијата „Фарс“ кој оваа недела се проширил низ интернет страниците.
Вонземјанската влада е стационирана во Невада, а своето присуство на Земјата го крие со помош на специјални програми на НАСА, кои ќе им помогнат да го освојат светот.
Агенцијата и понатаму тврди дека вонземјаните, пред да дојдат во Америка ја управувале нацистичка Германија, а како доказ за тоа се наведува тоа дека при крајот на војната Германија изградила стотина подморници, што е многу повеќе од дозволеното на технологијата во тоа време.
После поразот во Втората Светска Војна, од Европа се префрлиле во САД, каде тајно управувале од средината на 20 век, а самиот претседател Обама е нивното најсилно оружје и мисија за освојување на светот.
Всушност преку Обама, тие сакаат да инсталираат системи за прислушкување и надгледување во целиот свет, кои ќе им помогнат во пробивање на светот. Покрај сите овие детали кои ги изнесува агенцијата, како „добро проверени извори“ се наведува и Едвард Сноуден, кој овие информации наводно ги има дадено на Руската служба за безбедност.
Меѓу аргументите кои одат во прилог на неговата теорија „Фарс“ го цитираат и канадскиот минитер за одбрана Пол Хелиер кој веќе неколку пати до сега тврдел дека вонземјаните навистина постојат!„Соединетите Американски Држави ги управува тајна влада од сенки на вонземјани“. Ова е новински наслов на агенцијата „Фарс“