Кружно лице со топол израз, големи очи и добра фигура – тоа се најчестите физички описи на жените родени во овој знак. Нивното мото е: „Тивката вода брани руши“, а под нивниот убав и пристоен оклоп се наоѓа силен темперамент. Познати се по својата упорност, а во животните кризи покажуваат неверојатна издржливост и сила. Единствена маана им е тоа што во силната желба за сигурност и во обидите да направат сѐ да биде во ред, можат да пропуштат многу спонтани уживања и шанси.
Станува збор за жените родени во знакот на Бик. Тие се свесни за својата карактерна јачина и сакаат да ја покажуваат во секој момент. Тие се реалисти и знаат дека животот е непрекинат процес кој постојано се менува. Ја сакаат слободата и уживаат во сите животни задоволства. Жените Бикови се амбициозни личности кои обожаваат да творат и да трагаат по среќата, како и материјалното богатство. Од сите пороци, жените Бикови ја избираат коцката и игрите на среќа.
Жената Јарец е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за оние кои го сака, но мажот кој го има избрано мора да ги исполнува нејзините потреби. Таа знае да се грижи за себеси и да биде самостојна – има свој стил на облекување, чиста е и педантна, и помалку формална.
Иако се плаши од заљубување, тоа не ја спречува често да се заљубува. Нејзината надворешност прикрива длабоки чувства и емоции кои таа ги чува за луѓето кои ги смета за посебни. Доколку не ви обрнува внимание, тоа значи дека ништо не и значите, бидејќи токму така таа ги дели луѓето во својот живот. Не губи време на луѓе кои не ја привлекуваат, кои немаат харизма и кои и делуваат безлично.
Вие лесно можете да ја препознаете жената Вага по својата елеганција која зрачи со секое нејзино движење. Таа е совршено природна и секогаш своја, па токму затоа и со својата грациозност го привлекува погледот на сите мажи околу неа. Доколку и вие сте жена Вага, тогаш треба да знаете нешто многу важно: мажите едноставно полудуваат кога ќе ве запознаат. Вашата женственост, шармантност и заразни насмевки се неодоливи мамки за припадниците на посилниот пол кои можат за само една секундa да ги заробат без тие да знаат што се случило.Познати се по својата упорност, а во животните кризи покажуваат неверојатна издржливост и сила. Единствена маана им е тоа што во силната желба за с