Дневен хороскоп за 19.10.2016: Нов почеток за Раковите, можни кавги за Стрелците…Овен
Денес може да чувствувате недостаток на интерес. Прекувременото оптоварување ве тера да размислите дали вреди сѐ што правите. Намалете ја деловната активност. Посветете им се на најблиските.
Бик
Денот е поврзан со апсорпцијата на вселенската енергија, но и со моралното и духовно преобразување. Денес веројатно ќе ви преовладаат емоциите. Погрижете се вашите мисли да не ве попречат во постапките.
Близнаци
Денес се веројатни некакви судири со партнерот или пак со некои непознати луѓе кои едвај ќе ви бидат во корист. Не се занимавајте со гатање и магии. Опуштете се.
Рак
Ден за некаков нов почеток. Денес започнете некакви нови активности, но не ги заборавајте и старите обврски. Не се замарајте со непотребни ситници. Вашата посветеност на работата нема да им се допадне на многумина. Не обрнувајте внимание на тоа.
Лав
Ден посветен на самите себеси. Потрудете се да дадете сѐ од себе за да си ги исполните вашите цели. Денот ќе ви биде совршен. Посветете им внимание и на најблиските.
Девица
Размислете убаво што понатаму. Не значи ако сега се трудите, дека се заборавило тоа што не сте го правеле претходно. Луѓето помнат сѐ. Но, не очајувајте. Бидете храбри и оптимисти. Ќе го постигнете тоа што го сакате.
Вага
Се чувствува голема промена во вашиот живот. Одите на вистинскиот пат, но се разбира треба и многу труд за да ја постигнете целта. На деловно поле сѐ ви оди по одличен пат. Нема да имате грижи за ништо.
Скорпија
Денес е ден за откривање на себеси. Изгледа не сте баш задоволни со тоа што го правите. Ви требаат промени. Денес ќе ги донесете. Размислете за спортување или подолги прошетки.
Стрелец
Работите ви одат по одличен пат. На љубовно поле ќе имате мали кавги со партнерот, но ќе успеете за брзо време да ги разрешите. Внимавајте на здравјето. Можна е мала настинка.
Јарец
Одличен ден за нови активности. Постојано се надоградувате себеси и тоа ви оди во прилог со работата. На љубовно поле ви е совршено. Ќе бидете на седмо небо.
Водолија
Ден за одмор и релаксација. Оставете ги работните обврски на страна и уживајте во денот. Сѐ е поубаво кога сте со најблиските и тие што ги сакате. Не ги кријте своите стравови, споделете ги со нив. Можеби ќе ви помогнат.
Риби
Ден за нови достигнувања и супер ден за прославување со најблиските. Одведете ги на ручек и споделете ја среќата со нив. Сепак, тие ви биле најголема поддршка во сѐ што сте правеле.Овен
Денес може да чувствувате недостаток на интерес. Прекувременото оптоварување ве тера да размислите дали вреди сѐ што