Дневен хороскоп за 23.08.2016 година.Овен
Бидејќи добро функционирате во заедница, ќе биде вистинска штета ако не се свртите спрема луѓето. Полесно и потолерантно прифатете ја разликата во однос на околината. Сите денешни случувања се многу поволни. Од вас се бара ангажман, а успехот е неминовен. Уживајте во денешниот ден.
Бик
Раздразливи сте како и обично кога барате влакно во јајце. Доколку се стрпите и се свртите спрема работата која бара максимално ангажирање, шансата да го заборавите лошото функционирање е многу поголема. На вас останува дали ќе преземете нешто конкретно. Вечерта е скроена за такво нешто.
Близнаци
За бурните емотивни реакции придружени со изливи на бес, имате и немате оправдување. Евидентно е дека единствено вие губите од таквото однесување. Вклучете го разумот во комуникацијата и скротете ги страстите. Ако планирате акција врзана за животен простор, ова е вистински период да го направите тоа.
Рак
Неуморни сте. Се обидувате да излезете од шаблонот, се борите со сопствените слабости. Енергијата на еден Лав од вашата близина ви помага да се изборите со срамежливоста и подобро да функционирате. Доколку сте полежерни, ќе видите дека трудот се исплати.
Лав
Се наоѓате во конфликтна ситуација, пред сѐ, со самите себеси. Бидејќи сте свесни дека што и да направите – каење не ви бега, мора да донесете одлука, затоа замижете и пресечете. Какво било решение е подобро од неизвесноста. Иако околностите бараат тимска работа, вам повеќе ви годи независноста.
Девица
Внимателни сте. Денот го поминувате размислувајќи како да стекнете признание од околината. Бидејќи ви недостига самоконтрола, а притоа сте свесни за своите недостатоци, мора да се дистанцирате. Обрнете внимание на партнерот, шармирајте го со повик за излегување.
Вага
Извонредно сте работливи. Бидејќи сѐ што е добро има и лоша страна, пожелно е да избегнувате непромислени чекори бидејќи може да имате проблеми. Повредите и караниците се на листата на опасности. Внимавајте и сѐ ќе биде одлично.
Скорпија
Имате успех во игрите на среќа, спортот, рекреацијата и во финансиските шпекулации од различен тип. Ако направите добра стратегија и ако ги насочите активностите на адекватен начин, добро ќе се чувствувате. Потребата за нежност е изразена.
Стрелец
Амбициозни сте, но бидејќи нереално ја проценувате ситуацијата и сопствените можности, може да бидете жртва на неуспех. Тоа доведува до нервоза, егоизам и непопустливост. Свртете се само кон една работа и сконцентрирајте се. Расплинетоста на повеќе страни не е добра. Средете се малку.
Јарец
Се натпреварувате и ги докажувате сопствените можности, па со тоа ја убедувате околината во некои свои замисли. Ви годат авантури придружени со екстравагантни постапки. Не можете да ја избегнете нервозата, иако вашето однесување е под контрола. Вечерва сѐ ќе се среди – ќе добиете убава понуда.
Водолија
Се наоѓате во фаза на подобрување на материјалните услови на живот. Пожелно е да не претерувате во потрагата по финансиски вредности. Свртете се кон подлабоката смисла на животот. Рамнотежата помага да дојдете до душевен мир.
Риби
Барем денес релаксирајте се. Незадоволството со комуникацијата е последица од желбата за докажување и за критикување на сите оние коишто ќе ви се најдат на патот. Себични сте и неискусни, а моменталните случувања ви создаваат грижи. Гледајте од поведрата страна на работите.Овен
Бидејќи добро функционирате во заедница, ќе биде вистинска штета ако не се свртите спрема луѓето. Полесно и потолеран