Урнебесен опис на хороскопските знаци на одмор!

Препознајте ги во текстот своите партнери, пријатели и најблискиНа пат
Овенот се нервира затоа што  возилото не оди побрзо, а Девицата поради  ронките кои се појавиле откако Скорпијата кришум изела сендвич за никој  да не и бара „гриз“. Стрелецот ставил очила за сонце и  ги  соблекол апостолките, па  босите нозе ги дигнал  на седиштето пред себе поради што Ракот се раскплакал.
Близнакот веќе сменил неколку статуси на Фејсбук: „Тргаме“, „Тргнавме“, „Еве патуваме“, „Супер ни е“, „Еве Скорпијата јаде, Ракот плаче, Овенот ми  оди на нерви…“. Вагата внимава да не се истутка и  љубезно го замолува Бикот да се тргне од неа со чоколадото и  сокот бидејќи  ќе ја извалка.
Лавот низ прозор им мавта на сите кои ќе ги види  на минување бидејќи е сигурен дека сите гледаат во него. Јарецот ги пребројува парите и  сметките колку може да потроши  на ден во просек. Водолијата ја пробува маската за нуркање. Рибата спие.
На целта

 
„Фала богу, стигнавме“, објавува нов статус Близнакот. Водолијата лајкува. Овенот веќе е во море. Скорпијата со торбата веќе го  зафатила тоалетот поради  што  Вагата плаче пред врата бидејќи мора итно да се преслече и да ја поправи фризурата. Девицата има нервен слом бидејќи  во апартманот веќе е тотален хаос, никој  не ги средил работите!

Стрелецот заминал во обиколка на местото, Бикот по  риба за скара, Ракот готви  супа за сите. Јарецот уште еднаш ги пребројува парите и се ценка со  сопственикот на апартманот. Рибата само што  се разбудила и  размислува за смислата на животот.
На плажа
„Јухуу, стигнавме на плажа“, Близнакот повторно објавува слика на Фејс, Инстаграм и  Твитер: На сликата Девицата е под шешир, а во  рака држи крема со фактор 50.  Ракот е замотан во крпа со  ликови од цртани филмови.
Вагата има костум за капење во  вредност на половен автомобил. Лавот покажува совршена фигура, Рибата не се гледа од сопствениот фотоапарат, а Стрелецот им држи  рокчиња на Лавот и  Вагата. Скорпијата се свртела со грб и  забранила тагирање.

 
 Водолијата  се слика со  маската за нуркање и пераите. Јарецот има три книги под рака, Бикот лиже сладолед. Овенот го нема на фотографијата, отпливал 200 метри.
Во  вечерните  часови
„Прекрасна вечер“, твитнува Близнакот и  не објавува слика бидејќи поцрвенеле на сонцето сите освен Девицата. Бикот распалил скара, а Лавот тврди дека тој  знае подобро. Стрелецот го повикал цело  соседство на забава, на Скорпијата тоа не и се допаднало па се мурти  во  ќошот.

Ракот на сите им сервира чинија овошје. Вагата е во  вечерна тоалета и  ја убедува Рибата да ја слика во  сите пози. Водолијата предлага утре да се оди  на натпревар во  нуркање или  во  подводен риболов, Јарецот на таблет веќе пресметува дали е исплатливо. Овенот заминал на ноќно капење.
Без оглед на тоа кој  е што  во  хороскоп, сигурни  сме дека ќе се насмеете слатко.На пат
Овенот се нервира затоа што  возилото не оди побрзо, а Девицата поради  ронките кои се појавиле откако Ск

Пронајдете не на следниве мрежи: