Дневен хороскоп за 31.10.2014

Дневен хороскоп за 31.10.2014Овен
Би требало да се спуштите на земја кога е во прашање правењето на планови. Осаменоста не е вистинско решение. Дружете се со личности во кои имате доверба, тие ве советуваат и ве разбираат само така ќе најдете мир. Одморајте се, другото може да почека.
Бик
Со оглед на тоа дека потрошивте многу енергија, морате малку и да се одморите. Изолирајте се од околината ако сакате да направите успешни планови за следните потези. Единствено партнерот може да ви прави друштво. Ова е вистински момент за психофизичка релаксација.
Близнаци
Денес ви годат убави работи, а посебно љубов и уметност. Ако сакате да се чувствувате убаво, морате да ги следите своите внатрешни потреби. Не жртвувајте се за другите, така нервозата и незадоволството ќе ви бидат поблиски.

 

Рак
Ви претстои голема пресвртница во животот од која се плашите, што е и нормално. Кога би биле отворени за иновации, далеку ќе дотуркате. Потребно ви е опуштање, потрудете се слободните моменти да ги поминете во друштво на адекватни личности.
Лав
Со оглед на тоа дека неуморно работите и максимално се исцрпувате, можна е нервоза комбинирана со емотивна напнатост. Доколку некој се потруди да ја ограничи вашата слобода на движење, тешко нему. Една средба ви буди надеж, дочекајте ја подготвени.
Девица
Ќе вложите огромен напор за да ги завршите обврските, но не ви е тешко бидејќи сте свесни за целта. Денот е создаден за уживања, можеби заборавивте како изгледа тоа, но ќе се потсетите. Љубовта, уметничките случувања и останатите задоволства денес ви се во прв план.

 

Вага
Почнете да се учите на трпеливост. Времето брзо поминува, па додека да трепнете, на вашите маки ќе им дојде крај. Насочете се кон себе, здравјето и избегнувајте големи расправии. Можни се настинки, имунитетот ви е намален.
Скорпија
За нешто интензивно сонувате. Бидејќи не уживате во моментот, можете да погрешите. Сакате однапред да се обезбедите, но околностите ве спречуваат во тоа. Финансиската ситуација се подобрува, добивате признание.
Стрелец
Иако работите се одвиваат со задоволувачко темпо, вие сакате да ги забрзате. Кога подобро ќе размислите, немате причина да ги забрзувате работите. Доколку го забавите темпото, ќе бидете задоволни и ќе избегнете изложеност на ризици.

 

Јарец
Иако ситуацијата ветува, вие повторно сте песимисти без причина. Недовербата ве блокира и ве ограничува во размислувањата. Тоа е типична особина на овој знак. Сериозно гледате на животот, идеално на љубовта, едноставно уживате.
Водолија
Цело време сте насочени кон љубовта, тоа е паметно, треба да ги искористите сите шанси. Ви годи чувството дека сте сакани, но не сакате партнерот да ве дави со честите изливи на нежност. Имате одврзани раце на сите полиња.
Риби
Изгледа  дека денес претеравте со работа. Тоа се однесува на практичните и неуморните припадници на знакот. Немате време да размислувате кој ве сака, а кој не. Околината и љубовта денес за вас се небитна работа.Овен
Би требало да се спуштите на земја кога е во прашање правењето на планови. Осаменоста не е вистинско решение. Дружете

Пронајдете не на следниве мрежи: